Маж кој личел сиромашно, штедел цел живот и образувал 33 непознати луѓе – тие се нарекувале негови деца

Дејл Шредер починал во 2005-та година, но приказната за неговата хуманост се шири и денес – тој помогнал на 33 непознати луѓе да завршат факултет благодарение на заштедата од 3 милиони долари, која ја чувал цел живот.

mazh-koj-bil-siromashen-vo-mladosta-shtedel-cel-zhivot-i-obrazuval-33-nepoznati-lugje-tie-se-narekuvale-negovi-deca-01.jpg

Некои луѓе едноствано се родени за да помагаат, а и по смртта остануваат запаметени по своите добри дела.

Токму таков е и Дејл Шредер, столар од Ајова, кој според неговиот пријател Стив Нилсен, бил едноставен и скромен човек, работел 67 години во истата фирма, се облекувал во иста облека цел живот, но успеал да испрати 33 луѓе на колеџ.

Во младоста тој не успеал да се школува, но целиот негов живот штедел умешно, па бидејќи самиот не се школувал, му кажал на пријателот дека сака тоа да го овозможи на некои други деца со својата заштеда.

„Бев љубопитен и прашав – за колку пари зборуваме Дејл? Тој срамежливо кажа – 3 милиони долари. За малку ќе паднев од столчето“ – се присетува Нилсен.

Дејл штедел целиот свој живот и иако не личел така, тој всушност имал цело богатство, кое решил да го потроши за да усреќи млади луѓе.

Тој оставил конкретни инструкции за тоа како да бидат искористени неговите пари и по смртта: „Испрати ги на колеџ децата од Ајова“.

Со неговото скришно богатство, дури 33 млади луѓе биле испратени на колеџ, а тие денес се успешни професори, доктори, терапевти, благодарение на Дејл, а самите се нарекуваат „децата на Дејл“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *