6 типови на луѓе кои имате право да ги „отстраните“ од вашиот живот

Во животот ќе сретнете многу луѓе – повеќето од нив ќе видите само еднаш-двапати, некои ќе бидат покрај вас целиот живот, но некои ќе ви бидат блиски извесен период, а потоа вашите патишта ќе се разделат.

6-lugje-koi-imate-pravo-da-gi-otstranite-od-vashiot-zhivot-01.jpg

Постојат безброј причини зошто се оддалечуваме од некои луѓе, а постојат и многу причини зошто треба да отстраните некои луѓе од вашиот живот.

Секако, нема да биде лесно да ставите крај на пријателство кое траело долго време, но ако сфатите дека таа личност ви штети или повеќе немате ништо заедничко, можеби тоа е вистинскиот избор.

Во продолжение погледнете за кои луѓе не треба да ви биде криво што ќе ги отстраните од вашиот живот:

Луѓето кои сте ги надраснале

Нема потреба да продолжите да се дружите со некоја личност само затоа што имате долга историја. Луѓето се менуваат, па сосем нормално е да се разделите со многу пријатели од детството и младоста, a денес не ви се доволно зрели.

Ценете ги моментите што сте ги имале во минатото, но штом ви е јасно дека сте ја надраснале таа личност и немате ништо заедничко, нема потреба да се обидувате да го одржувате пријателството.

Луѓе кои прават да се чувствувате непријатно

Немојте да си го трошите времето со луѓе кои не ве почитуваат и прават да се чувствувате лошо и непријатно. Нема потреба да ѝ удоволувате на оваа личност штом после секоја средба со неа вие се чувствувате ужасно.

Не заборавајте дека ваквиот однос на другите има последици и по вашето ментално здравје – постојаните критики и негодувања можат да ви ја разнишаат самодовербата. Па, не чувствувајте вина ако одлучите да се оддалечите од сите луѓе кои ве прават „мизерни“.

6-lugje-koi-imate-pravo-da-gi-otstranite-od-vashiot-zhivot-02.jpg

Луѓе кои ги повредиле вашите сакани

Нормално, можеби нема да сакате да застанете среде туѓ конфликт, но штом некој ги повредува вашите сакани, размислете дали заслужува да биде дел од вашиот живот.

Без разлика дали оваа личност го повредила вашиот партнер, вашите родители или вашиот најдобар пријател, ако не можете да ѝ простите за тоа, немојте да се чувствувате виновно.

Имате право да бидете гневни на личноста која ги повредила вашите сакани и имате право да го прекинете секој контакт со неа со текот на времето.

Луѓе кои се промениле

Овојпат станува збор за луѓе кои ве повредиле во минатото, но сега тврдат дека се промениле. Можеби таа личност навистина направила промена, но ако вие не можете да најдете повеќе заеднички работи, не сте должни повторно да се зближувате со неа.

Ако ви е страв дека повторно ќе го направи истото, или се сомневате дека направила каква било промена, или едноставно повеќе не ви одговара, нема потреба да ѝ давате шанса.

6-lugje-koi-imate-pravo-da-gi-otstranite-od-vashiot-zhivot-03.jpg

Луѓе кои имаат многу поразлични гледишта и интереси од вашите

Не треба да бегате од луѓе кои размислуваат поразлично од вас, но штом ќе сфатите дека со некоја личност немате ништо заедничко и дури и вредностите кои ги цените не ви се поклопуваат, веројатно ќе немате и за што да разговарате.

Истото важи и ако станува збор за личност со потполно спротивни верувања од вашите. Ако оваа личност ги напаѓа вашите верувања и постојано се расправате за тоа, тогаш воопшто не станува збор за пријателство.

Луѓе за кои не сте заинтересирани

Некогаш ќе запознавате и луѓе кои воопшто нема да ве интересираат, и тоа е сосема во ред. Ако не сакате да одржите контакт со некој, дури и ако немате конкретна причина, нема потреба да форсирате пријателство.

Сепак, не можете да бидете блиски и заинтересирани за сите. Ова не значи дека ја мразите личноста туку, едноставно, таа воопшто не ви е приоритет.

6-lugje-koi-imate-pravo-da-gi-otstranite-od-vashiot-zhivot-04.jpg

*Овие совети не значат дека треба да се оддалечите од буквално секоја личност во опкружувањето која исполнува некој од овие критериуми. Но, ако самите почнувате да се двоумите дали вреди да биде дел од вашиот живот, тогаш можеби овие совети ќе ви помогнат помалку да се каете ако со некого ги оладите односите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *