Трикови со кои IKEA стана најпопуларната продавница за мебел во целиот свет

Во Македонија сè уште нема IKEA, но оваа продавница за мебел е толку популарна, што одиме во соседните држави само за да купиме нешто од неа.

mozhete-slobodno-da-si-dremnete-na-krevetite-zabavni-fakti-za-ikea-01.jpg

Овој ланец продавници нè натера да ја засакаме едноставноста на скандинавскиот ентериер, а продавниците се уредени на тој начин, што нема шанси да излезете без да купите нешто.

Во продолжение погледнете неколку тајни со кои IKEA стана најпопуларната продавница за мебел во целиот свет:

Многуте детали во „собите“ во IKEA се со причина

Сигурно сте забележале дека секоја „соба“ во IKEA е целосно опремена – од перници на креветот, до книги и украси на полиците.

Целта на ова е да се натераат купувачите да купат повеќе работи од планираното. Кога ќе видите колку добро изгледа некој предмет вклопен во некаков ентериер, а и кога ќе видите дека има ниска цена, многу е поверојатно да го купите.

mozhete-slobodno-da-si-dremnete-na-krevetite-zabavni-fakti-za-ikea-02.jpg

Помош за парови кои не се согласуваат

Во некои држави, продавница им нуди посебна помош на паровите кои не можат да се согласат што да купат. Во ваквите ситуации обично им нудат продукти за кои веруваат дека ќе им се допаднат и на двајцата, а со тоа сигурно ќе ги задржат како идни муштерии.

mozhete-slobodno-da-si-dremnete-na-krevetite-zabavni-fakti-za-ikea-03.jpg

Секој може да биде советуван бесплатно

Ако ви се допадне како е уредена некоја соба во продавницата, нема потреба сами да ги барате предметите. Доволно е да најдете асистент за продажба кој ќе ви направи целосна листа и ќе ви каже каде се наоѓа сè. Истовремено, можете да добиете и бесплатен совет ако нешто од ентериерот не ви се допаѓа и сакате да го замените со друго.

mozhete-slobodno-da-si-dremnete-na-krevetite-zabavni-fakti-za-ikea-04.jpg

Онлајн помош

Ако ви е потребен одреден продукт, повторно нема потреба да лутате низ продавницата. Можете да го посетите веб-сајтот на IKEA за државата во којашто се наоѓате, да го најдете продуктот и оттаму да видите каде се наоѓа.

mozhete-slobodno-da-si-dremnete-na-krevetite-zabavni-fakti-za-ikea-05.jpg

Можете да си дремнете на креветите

Нормално, ова не е за да одморите после работа, туку за да проверите дали тој кревет е совршениот за вас. Но, и да лежете подолго, никој нема да ви рече ништо. Само, имајте на ум дека постелнината на креветите не се менува, па сигурно нема да сакате да лежите повеќе од потребното.

mozhete-slobodno-da-si-dremnete-na-krevetite-zabavni-fakti-za-ikea-06.jpg

Нема да најдете отворен продукт во IKEA

Освен изложените продукти во продавницата, во складот нема шанси да најдете нешто отворено. Вработените се особено внимателни кога ја редат робата и сите продукти се добро затворени. Во некои држави, ако налетаат на нешто отворено, вработените целосно го отстрануваат од продавницата.

mozhete-slobodno-da-si-dremnete-na-krevetite-zabavni-fakti-za-ikea-07.jpg

Можете да враќате продукти и после 365 дена

IKEA им овозможува на купувачите да почекаат цела година пред да се премислат и да вратат нешто. За ова потребни ви се само лична карта и сметка. Нормално, ова не важи за сите работи што ги продаваат. На пример, ако сакате да вратите ќебе или перница, мора да го направите тоа во рок од 14 дена.

mozhete-slobodno-da-si-dremnete-na-krevetite-zabavni-fakti-za-ikea-08.jpg

Понеделник и среда се најдобри денови за пазарење

Многу купувачи забележале дека во понеделник можете да најдете најмногу од работите што ги сакате. Наводно, причината е што повеќето луѓе ги враќаат предметите што не им се допаднале во текот на викендот, па во понеделник повторно ги има.

Многу муштерии забележале дека во среда, во продавницата има најмногу попусти, па овие два дена се најдобри за посета на IKEA.

mozhete-slobodno-da-si-dremnete-na-krevetite-zabavni-fakti-za-ikea-09.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *