Минимум 2 чешниња лук, соја сос наместо сол: Трикови за готвење од професионалните готвачи

Зарем има некој што може да ни даде подобри совети и трикови за готвење од професионален готвач?

minimum-2-cheshninja-luk-soja-sos-namesto-sol-trikovi-za-gotvenje-od-profesionalnite-gotvachi01.jpg

Веројатно на тоа помислил и еден корисник на Reddit, кога ги прашал професионалните готвачи на форумот за нивните најдобри совети.

Корисникот го поставил прашањето „Кои се најдобрите совети за готвење што не сте ги научиле во училиштето за кулинарство?“ и досега добил одговор од над 1.000 луѓе.

Професионалните готвачи се огласиле, ги споделиле нивните совети и трикови, а сега можете да ги погледнете и вие:

1. Обрнете внимание на сите сетила. На сета храна што ја приготвувате, суптилно ѝ се менува мирисот додека ја готвите. Кога работам повеќе нешта, неретко го користам сетилото за мирис за да одредам дали некое јадење е испечено.

2. Исушете ги сите состојки кои задржуваат влага – како месо, риба и зеленчук – пред да ги готвите. На овој начин храната ќе биде покрцкава.

3. Ако правите јадење дома, секогаш средувајте додека готвите. Откако ќе завршите и ќе се најадете, ќе си бидете благодарни што немате цел мијалник полн со садови.

4. Учете техники за готвење наместо рецепти. Ако ја научите техниката што е применета во некој рецепт, тогаш ќе можете да ја примените и за многу други јадења.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-od-profesionalnite-gotvachi-na-reddit-02.jpg

5. Секогаш користете тајмер. Многу често ми се случува да заборавам дека имам нешто на шпоретот додека сечкам нешто друго. Тајмерот навистина се наоѓа во вакви ситуации.

6. За да измерите колку вода да ставите во оризот, користете го прстот. Ставете го оризот во тенџере, и ставете вода – нејзиното ниво треба да стигнува до првиот зглоб на прстот.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-od-profesionalnite-gotvachi-na-reddit08.jpg

7. Ставајте сол во дланката па потоа посолете со рака, а не директно во јадењето од соларник. Не ризикувајте да држите цела кутија сол над тенџерето, која може да ви се истури.

8. Можете да користите соја сос наместо сол за подобар вкус. Поради посилниот вкус, не треба да ставате многу, а и обично вака јадењето ќе има помалку натриум.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-od-profesionalnite-gotvachi-na-reddit-03.jpg

9. Ако сте загрижени за калориите, немојте да ги менувате состојките со „поздрава верзија“ и да го расипете јадењето. Туку, едноставно, изедете помалку.

10. Рецептите се како мапа. Не мора да ги следите од збор до збор и можете да правите промени. Но, ова не важи кога правите нешто со тесто. Во тој случај, следете го рецептот.

11. Ако приготвувате пилешко или свинско, слободно користете многу зачини. Овие видови месо одлично ги впиваат зачините.

12. Фокусирајте се на поедноставни јадења – нешто со 3-4 состојки обично има многу подобар вкус од нешто со 12 состојки.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-od-profesionalnite-gotvachi-na-reddit-04.jpg

13. Кога се подготвувате да правите јадење, секогаш испланирајте ги следните два чекори. На овој начин ќе знаете што треба да правите следно и ќе бидете многу побрзи и поефикасни.

14. За да ги исечете шери доматите, ставете ги помеѓу 2 пластични капаци. На овој начин ќе исечете 10-тина домати одеднаш.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-od-profesionalnite-gotvachi-na-reddit07.jpg

15. Ако купите исечено пилешко или риба, нема поента да ги миете пред да го приготвувате.

16. Организирајте се кога треба да исечете разни зеленчуци – прво отстранете им ги дршките на сите, па излупете ги сите, па потоа исечкајте ги сите. На овој начин ќе завршите многу побрзо.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-od-profesionalnite-gotvachi-na-reddit-05.jpg

17. Кога ставате лук, секогаш ставајте најмалку две чешниња за вистински да го почувствувате вкусот.

18. Користете ножици за сечење. Шери домати, тесто, пица, некои видови месо, зеленчук… многу е полесно отколку да ги сечете со нож.

19. Можете да ги користите и дршките од брокулата. Само измијте ги, исечкајте и ги запржете ги во масло.

20. Електричните рингли се загреваат многу повеќе од оние на гас. Внимавајте на ова, бидејќи лесно можете да го изгорите јадењето.

soveti-i-trikovi-za-gotvenje-od-profesionalnite-gotvachi-na-reddit-06.jpg

21. Секогаш пробувајте ја храната пред да ѝ додадете нешто и пред да продолжите со готвење. Многу луѓе ја прават оваа грешка кога готват.

22. Кога готвите со вино, користете само вино што би го пиеле. Немојте да користите нешто многу евтино со лош вкус, бидејќи ќе влијае врз вкусот на јадењето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *