Донирал над 38 милијарди долари во добротворни цели, децата нема да наследат речиси ништо – помалку познати факти за Бил Гејтс

Повеќето луѓе не знаат речиси ништо за Бил Гејтс, освен дека е основач на Microsoft и еден од најбогатите луѓе на планетата.

doniral-83-milijardi-dolari-vo-dobrotovrni-celi-decata-nema-da-nasledat-rechisi-nishto-pomalku-poznati-fakti-za-bil-gejts-01.jpg

Но, Гејтс е многу интересна личност и навистина се обидува да го направи светот подобро место за живеење.

Преку фондацијата што ја основа со сопругата Мелинда, Бил Гејтс троши милиони, ако не и милијарди, само за добротворни цели – нешто што многу богаташи не го прават.

Во продолжение можете да погледнете неколку факти за Бил Гејтс со кои подобро ќе го запознаете:

1. Бил Гејтс е роден на 28 октомври 1955. Тој има две сестри – Кристи и Либи, а неговите родители биле доста успешни луѓе.

2. Тој почнал да учи програмирање на само 13 години, а на 18 се запишал на Harvard. Но, само една година подоцна се откажал од студиите за да ја основа Microsoft, заедно со неговиот пријател Пол Ален. Компанијата брзо напредувала, па првиот важен договор го потпишале кога Бил имал само 21 година. Една деценија подоцна, кога Бил имаше 31 година, тој стана најмладиот милијардер во светот. После 8 години, Бил стана и најбогатиот човек на светот, и стоеше на врвот од 1995 до 2007.

3. Според Forbes, богатството на Бил Гејтс во 2020 изнесува 98 милијарди долари и моментално тој е вториот најбогат човек, веднаш зад основачот на Amazon, Џеф Безос.

4. Бил е во брак со Мелинда Гејтс, со која се венча во 1994 година и со која има три деца. Пред да ја започнат врската, Мелинда била менаџер за маркетинг во Microsoft.

doniral-83-milijardi-dolari-vo-dobrotovrni-celi-decata-nema-da-nasledat-rechisi-nishto-pomalku-poznati-fakti-za-bil-gejts-02.jpg

5. Милијардерот поседува многу недвижнини, а моментално со семејството живее во куќа во Вашингтон која чини 80 милиони. Истовремено, Бил има и приватен остров, чија вредност се проценува наоколу 25 милиони.

6. Бил Гејтс е љубител на уметноста и може да се пофали со импресивна колекција уметнички дела, за која се верува дека чини 130 милиони. Неговата колекција има дела од најпознатите уметници, вклучувајќи го и Леонардо да Винчи.

7. Гејтс не е само еден од најбогатите луѓе во светот – тој е и дарежлив филантроп. Само преку фондацијата што ја основа со Мелинда, тој има дадено над 38 милијарди долари во добротворни цели. Преку фондацијата, Бил и Мелинда им помагаат на луѓето од најсиромашните краеви во светот.

8. Бил има изјавено дека воопшто не знае да готви. Во младоста, кога ја почнал кариерата, воглавно „преживувал“ од брза храна, па никогаш немал можност да научи да готви.

doniral-83-milijardi-dolari-vo-dobrotovrni-celi-decata-nema-da-nasledat-rechisi-nishto-pomalku-poznati-fakti-za-bil-gejts-03.jpg

9. Вo младоста, Гејтс бил толку внесен во работата што често и заборавал да јаде. Во едно интервју изјави дека толку бил зафатен, што инстант напитоците за растварање, не ги растворал во вода, туку само го лижел прашокот.

10. Повторно во неговата младост, Бил Гејтс воопшто не слушал музика и не гледал телевизија – ова траело цели 5 години.

„Звучи лудо, но навистина го правев тоа, бидејќи ми го одвлекуваше вниманието од софтверот“.

11. Во 1979, кога почнал да заработува многу пари, Бил најпрво го исплатил кредитот за неговата куќа. Набрзо потоа си купил автомобил Porsche 911. Како што вели самиот, тој период, кога сакал да размислува насамо, седнувал во автомобилот и возел со огромна брзина.

12. Бил Гејтс признава дека на почетокот, бил многу строг кон вработените во Microsoft. Всушност, тој вели дека бил ужасен шеф и тамошната работна средина била многу стресна. Милијардерот има изјавено дека многу често обрнувал внимание кој останува најдолго во канцеларија:

„Им ги запомнив регистарските таблички на сите вработени. Гледав кон паркингот и можев да видам кој кога доаѓа и си оди“.

doniral-83-milijardi-dolari-vo-dobrotovrni-celi-decata-nema-da-nasledat-rechisi-nishto-pomalku-poznati-fakti-za-bil-gejts-04.jpg

13. Во 2000 година, Бил Гејтс се повлече од позицијата извршен директор на Microsoft за повеќе да се фокусира на добротворните акции. Во март годинава, тој се повлече и од одборот на директори на компанијата.

14. Бил Гејтс е можеби најстрасниот читач во светот и секојпат кога оди некаде, понесува цела торба со книги.

„Во просек, се обидувам да прочитам една книга секоја недела“.

15. Периодов, кога и Бил Гејтс мора да седи дома, најмногу се дружел со неговиот добар пријател – милијардерот Ворен Бафет. Пред пандемијата тие редовно играле карти, а сега го правеле тоа онлајн.

16. Во слободното време, Бил и Мелинда сакале да гледаат филмови – некогаш дома, некогаш во кино – да играат тенис и да играат друштвени игри.

doniral-83-milijardi-dolari-vo-dobrotovrni-celi-decata-nema-da-nasledat-rechisi-nishto-pomalku-poznati-fakti-za-bil-gejts-05.jpg

17. Децата на Бил и Мелинда не смееле да користат телефони до 14-иот роденден:

„Не им дозволувавме, иако се жалеа дека сите други деца имаат телефони“, вели тој.

18. И покрај тоа што има пари за следните неколку генерации, Бил Гејтс не планира да им го остави целото наследство на децата:

„Сметам дека оставањето огромни суми пари на децата е погрешно. Со тоа воопшто нема да им направам добро. Некои луѓе не се согласуваат, но јас и Мелинда сметаме дека е правилно“.

19. Бил Гејтс не е многу заинтересиран за луксуз – секогаш носи едноставна облека и редовно јадe во McDonald’s:

„Не сакам да трошам многу пари на облека или накит“, има изјавено.

Тој дури и носи рачен часовник од 10 долари, а годинава беше забележан со поскап модел, кој чини 42 долари. Милијардерот единствено има приватен авион за кој смета дека сепак му е неопходен.

20. Замислете, Бил Гејтс не знае да зборува странски јазици:

„Се чувствувам глупаво поради ова. Во средно учев малку латински и грчки, но сакам да научам француски, арапски или кинески“.

doniral-83-milijardi-dolari-vo-dobrotovrni-celi-decata-nema-da-nasledat-rechisi-nishto-pomalku-poznati-fakti-za-bil-gejts-06.jpg

21. За повеќето најбогати луѓе кружат гласини дека затајуваат данок, но Бил Гејтс не спаѓа во ова категоријата – наводно, тој има платено 6 милијарди долари во данок:

„Плаќам повеќе даноци од кој било и навистина сум среќен за тоа“.

22. Омилениот филм на Гејтс е трилерот Spy Game, за кој вели дека го изгледал над 12 пати.

23. Бил сака и животни, а моментално чува две кучиња – Орео и Неила.

„Минувам малку време со кучињата, но многу ги сакам. Особено кога се послушни и не лаат навечер. И, кога знаат каде треба да одат во тоалет“.

24. На прашањето „Која животна лекција ја научи на најтешкиот начин?“, Гејтс одговори:

„Не останувајте будни до доцна. Дури и ако книгата е многу интересна. Следното утро ќе ви биде многу криво. За жал, уште работам на овој проблем“.

doniral-83-milijardi-dolari-vo-dobrotovrni-celi-decata-nema-da-nasledat-rechisi-nishto-pomalku-poznati-fakti-za-bil-gejts-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *