Криси Тајген направи тетоважа во чест на Џек – синчето што го изгуби по спонтан абортус

Криси Тајген ја покажа новата тетоважа што ја направила во чест на Џек – синот што го изгуби со спонтан абортус кога беше во 20-тата недела од бременоста.

krisi-tajgen-napravi-tetovazha-vo-chest-na-djek-sincheto-shto-go-izgubi-po-spontan-abortus1.jpg

Криси и Џон Леџенд имале романтична вечера во нивниот дом, па Криси сподели фотографија на Instagram на која го покажа фустанот што го избрала. 34-годишниот модел носи црн фустан украсен со пердуви, а комбинацијата ја дополнила со црни сандали.

krisi-tajgen-napravi-tetovazha-vo-chest-na-dzhek-sincheto-shto-go-izgubi-so-spontan-abortus-02.jpg

Криси сподели и видео на Twitter, а набрзо потоа и фотографија на која го држи Џон за рака. На оваа фотографија се гледа и новата тетоважа, направена во чест на синчето што го изгубија неодамна.

На зглобот од десната дланка е испишано името на синот – Џек, веднаш над тетоважата што е направена во чест на нејзиното семејство.

krisi-tajgen-napravi-tetovazha-vo-chest-na-dzhek-sincheto-shto-go-izgubi-so-spontan-abortus-03.jpg
krisi-tajgen-napravi-tetovazha-vo-chest-na-djek-sincheto-shto-go-izgubi-po-spontan-abortus05.jpg

После спонтаниот абортус, Криси некое време не беше активна на социјалните мрежи, но се врати со емотивен есеј за трагичниот настан.

Криси им соопшти на фановите дека некој период ќе добива медицинска помош, но од удобноста на нејзиниот дом. Истовремено, таа изјави дека го напишала есејот бидејќи сметала дека мора да каже нешто во врска со абортусот пред да може да го преболи и да продолжи со животот.

krisi-tajgen-napravi-tetovazha-vo-chest-na-dzhek-sincheto-shto-go-izgubi-so-spontan-abortus-4.jpg

„Џек секогаш ќе биде сакан. Луѓето велат дека ваквите искуства создаваат дупка во вашето раце. Во моето срце дефинитивно има дупка, но е исполнета со љубовта од нешто што го сакав толку многу. Не ми изгледа празна, оваа дупка. Ми се чини дека е полна“, напиша Криси

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *