Зборува од бебе, знае 4 јазици: 12-годишен генијалец ќе стане најмладиот студент по вселенско инженерство

12-годишниот Кејлеб Андерсон ќе стане најмладиот студент на Институтот за технологија во Џорџија, познат и како Georgia Tech. Кејлеб наскоро ќе почне со предавањата, а ќе го изучува вселенското инженерство.

zboruva-ushte-od-bebe-znae-4-jazici-12-godishen-genijalec-kje-stane-najmladiot-student-po-vselensko-inzhenerstvo-na-georgia-tech-01.jpg

Ова неверојатно дете почнало да ги имитира зборовите на неговата мајка уште додека бил бебе. На 9 месеци, пред да научи да зборува, веќе го знаел американскиот знаковен јазик.

Кога имал само 2 години, тој без проблем можел да го прочита Уставот на САД, но и да пресметува дропки. Денес тој е експерт за природни науки и инженерство, а зборува и неколку јазици – покрај англиски, тој знае шпански, кинески и француски.

zboruva-ushte-od-bebe-znae-4-jazici-12-godishen-genijalec-kje-stane-najmladiot-student-po-vselensko-inzhenerstvo-na-georgia-tech-02.jpg

Но, ова детенце е навистина скромно за неговиот интелект. Самиот има изјавено дека никогаш не се гледал како многу паметна личност и смета дека од помош му било само тоа што брзо помни информации.

„Не сум многу паметен. Само брзо помнам информации. А, кога помнам побрзо од другите, нормално е да бидам понапред“.

zboruva-ushte-od-bebe-znae-4-jazici-12-godishen-genijalec-kje-stane-najmladiot-student-po-vselensko-inzhenerstvo-na-georgia-tech-06.jpg

Кејлеб почнал да оди во прво одделение кога немал ни 3 години, а средно завршил на 11. Минатата година бил запишан на колеџ каде што учел вселенско инженерство, но неговите родители сметале дека Georgia Tech, еден од водечките институти за технологија во САД, е многу подобар избор за него.

zboruva-ushte-od-bebe-znae-4-jazici-12-godishen-genijalec-kje-stane-najmladiot-student-po-vselensko-inzhenerstvo-na-georgia-tech-07.jpg

И родителите на Кејлеб имаат солидна позадина – мајка му е магистер во областа на образованието, а татко му работи во IT секторот.

zboruva-ushte-od-bebe-znae-4-jazici-12-godishen-genijalec-kje-stane-najmladiot-student-po-vselensko-inzhenerstvo-na-georgia-tech-03.jpg

Но, тие не можеле да му помогнат кога станувало збор за вселенското инженерство, па се потрудиле да му го обезбедат најдоброто образование. Истовремено, тие сакале тој да биде во средина каде што ќе биде прифатен, на место каде што ќе сретне многу луѓе како него.

zboruva-ushte-od-bebe-znae-4-jazici-12-godishen-genijalec-kje-stane-najmladiot-student-po-vselensko-inzhenerstvo-na-georgia-tech-04.jpg

Кејлеб се соочувал со проблеми на училиште бидејќи секогаш бил многу помал, но сега прифатил дека е поразличен од другите и не му пречи што ќе биде најмладиот студент.

А, Кејлеб не е само најмладиот студент на овој универзитет, тој е и најмладиот студент во светот што ќе ја изучува неговата насока.

„Ова е мојот живот. Јас сум ваков. И, живеам на овој начин целиот мој живот“, вели тој.

zboruva-ushte-od-bebe-znae-4-jazici-12-godishen-genijalec-kje-stane-najmladiot-student-po-vselensko-inzhenerstvo-na-georgia-tech-05.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *