Собирачи на отпад од Анкара направиле библиотека од книгите што луѓето ги фрлаат

Собирачите на отпад од Анкара, главниот град на Турција, направиле нешто за восхит – собирајќи ги книгите што другите ги фрлаат, тие направиле цела библиотека.

sobirachi-na-otpad-od-ankara-napravile-biblioteka-od-knigite-shto-lugjeto-gi-frlaat-01.jpg

Иако целиот отпад што го собираат завршува во депонија, собирачите на отпад некогаш одделуваат предмети за кои сметаат дека се вредни. За среќа, на оваа група собирачи им било повеќе од јасно каква е вредноста на книгите што ги наоѓаат, па решиле да ги зачуваат и со текот на времето направиле библиотека.

sobirachi-na-otpad-od-ankara-napravile-biblioteka-od-knigite-shto-lugjeto-gi-frlaat-06.jpg

Со месеци, собирачите ги земале книгите што луѓето ги фрлаат, а кога се расчуло за нивната колекција, почнале да добиваат и донации. На почетокот, книгите ги позајмувале само тие и членовите на нивното семејство, но бидејќи интересот за библиотеката не престанувал да расте, решиле да ја отворат и за јавноста.

„Почнавме да дискутираме за идејата да направиме библиотека од овие книги. Кога сите ја поддржаа, таа стана реалност“, изјавил еден од локалните политичари кои го надгледувале отворањето на библиотеката.

sobirachi-na-otpad-od-ankara-napravile-biblioteka-od-knigite-shto-lugjeto-gi-frlaat-05.jpg

Библиотеката постои веќе неколку години и до денес има илјадници книги, поделени во неколку категории. Покрај книги на турски, внатре можат да се најдат и изданија на англиски и француски.

Библиотеката е сместена во стара фабрика за цигли, а собирачите почнале и уште еден забавен проект поврзан со библиотеката – едниот од камионите го претвориле во подвижна библиотека. Бидејќи колекцијата станала преголема, тие позајмуваат многу книги во училишта, па дури и затвори, со помош на камионот.

sobirachi-na-otpad-od-ankara-napravile-biblioteka-od-knigite-shto-lugjeto-gi-frlaat-04.jpg

Библиотеката редовно ја посетувале луѓе кои работат во близина, како и ученици од околните училишта. Внатре има место за читање, но и шаховски табли. Собирачите на отпад велат дека дефинитивно, библиотеката е најпопуларна помеѓу велосипедистите кои минуваат оттаму.

sobirachi-na-otpad-od-ankara-napravile-biblioteka-od-knigite-shto-lugjeto-gi-frlaat-08.jpg
sobirachi-na-otpad-od-ankara-napravile-biblioteka-od-knigite-shto-lugjeto-gi-frlaat-02.jpg
sobirachi-na-otpad-od-ankara-napravile-biblioteka-od-knigite-shto-lugjeto-gi-frlaat-07.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *