„Имав одличен секс со мојот женет љубовник, но стана насилен – дали да ја предупредам неговата нова девојка?“

„Ми го ветуваше светот, свадба, дом, деца. Ја гледам неа на Фејсбук и изгледа дека ѝ ги кажува истите лаги и на неа.“

imav-odlichen-seks-so-mojot-zhenet-ljubovnik-no-stana-nasilen-dali-da-ja-predupredam-negovata-nova-devojka-01.jpg

Исповед на 28-годишна девојка што кружи на интернет…

„Имав неверојатен секс со мојот женет љубовник, сѐ додека тој не стана премногу љубоморен, а нашата врска насилна.

Почнав да се плашам од него, се чувствував заглавено и не можев да продолжам понатаму.

Јас имам 28 години, а тој 36. Женет е и има 2 деца со својата сопруга.

Се запознавме преку работа. Изгледа одлично, шармантен е и забавен. Ми годеше кога почна да флертува со мене.

Но, кога ме покани на пијалак го одбив затоа што знаев дека е женет. Ми рече дека ќе се разведува наскоро, па така одлучив да ја прифатам неговата покана.

Имавме фантастична вечер која заврши така што тој дојде кај мене и имавме секс. Искрено, во кревет беше одличен.

По неколку седмици среќавање во секој можен слободен миг, почнав да забележувам дека ме проверува и дека прави сцени ако не му одговорам веднаш на телефонските повици.

Се скаравме и ме нарекуваше со разни погрдни имиња.

Требаше да ги видам предупредувачките знаци, но помина уште еден месец пред тој да ме откачи преку СМС порака.

Потоа уште неколкупати се сретнав со него за секс, но не беше исто. Се чувствував искористено и злоупотребено и сега се каам за тоа.

Сега, се гледа со друга девојка. Таа исто така работела порано кај нас во фирмата.

Не ја познавам лично, но чувствувам дека треба да се соочам со неа и да ја предупредам каков тип на човек е.

Знам дека ја третира исто како и мене.

Ми го ветуваше светот, свадба, дом, деца. Ја гледам неа на Фејсбук и изгледа дека ѝ ги кажува истите лаги и на неа.

Таа очигледно паднала на неговиот шарм. Дел од мене ми вели да си задржам сѐ за себе, а дел сака да ја предупреди за тоа што ми го стори тој на мене. Дали да ѝ кажам дека беше насилен?

Но, потоа помислувам ако некој мене ме предупредеше за овој човек на самиот почеток, дали ќе го послушав? Најверојатно не, затоа што бев маѓепсана од него.

Па, така и неговата нова девојка нема да послуша. Ќе мисли дека сум огрочена и на крај место да ја цени искреноста, ќе ме мрази мене што ѝ ја кажувам вистината.

Во главата и срцето очигледно и покрај сѐ немам расчистено со овој човек штом се оптоварувам што прави во животот и со кого е сега.

Знам дека заслужувам подобро, знам дека никогаш не ни мислеше да ми се посвети долгорочно и знам дека е време да закрепнам емоционално.

Навистина не знам што очекував кога почнав да се гледам со женет маж…“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *