Која е Џил Бајден, новата потенцијална прва дама на САД?

Сопругата на Џо Бајден, Џил Бајден, сака да ја модернизира функцијата на прва дама со тоа што ако ја преземе оваа улога, ќе продолжи да работи како професорка.

koja-e-dzil-bajden-novata-potencijalna-prva-dama-na-sad-01.jpg

„Повеќето Американки ги комбинираат постојано работата и приватниот живот, но на првите дами ова никогаш не им било дозволено.

Можеби дојде време, повеќето Американци да се чувствуваат пријатно со прва дама која не е 24 часа на располагање во Белата куќа.“ – изјави Џил која е професорка по историја.

Џил Бајден (69) со години е советник од најголема доверба на својот постар сопруг. Се очекува ако нејзиниот маж победи на изборите во САД, таа да биде посветена на образованието.

Таа е мајка и баба, и најголема поддршка на Бајден после трагедиите кои му се случиле на Џо во животот.

Првата сопруга и ќерката на Џо Бајден загинале во 1972 година во сообраќајна несреќа. Останал сам со двајцата синови кои биле повредени во несреќата.

koja-e-dzil-bajden-novata-potencijalna-prva-dama-na-sad-002.jpg

Која е всушност Џил Џејкобс Бајден?

Родена е 1951 година и пораснала во предградие на Филаделфија.

Нејзиниот татко бил шалтерски службеник во банка, а мајка ѝ домаќинка.

Се развела од првиот сопруг кога го сретнала Бајден. Вдовец кој секој ден патувал од Делавер во Вашингтон каде работел како сенатор.

koja-e-dzil-bajden-novata-potencijalna-prva-dama-na-sad-04.jpg

Се венчале во 1977 година, а четири години подоцна ја добиле ќерката Ешли.

koja-e-dzil-bajden-novata-potencijalna-prva-dama-na-sad-05.jpgЌерката Ешли со сопругот Хауард

Џил има две магистерски дипломи и докторат, предава на универзитет во Вирџинија.

Со Бајден помина низ две неуспешни претседателски кандидатури, осум потпретседателски години и смртта на синот Боа кој ја изгуби битката со ракот.

koja-e-dzil-bajden-novata-potencijalna-prva-dama-na-sad-05_1.jpg

Сопругот ја опишува како посветена и цврста жена, а таа истакнува дека тој е вистински борец, особено за време на кризи, па смета дека би ја извлекол Америка од ковид кризата.

„Како составуваш растурено семејство? На ист начин на кој можеш да соединиш и цела нација. Со љубов, разбирање и сочувство. Храброст. Непоколеблива верба.“ – изјави Џил, жената која можеби ќе добие прилика да ја редефинира позицијата прва дама на Америка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *