По стриите на стомакот, плус сајз моделот Ешли Греам ги покажа и неизбричените пазуви (фото)

Цел ѝ е да промовира љубов кон себе во секакво издание, па позира со стриите и целулитот во прв план, а сега и со неизбричените пазуви.

po-striite-na-stomakot-plus-sajz-modelot-eshli-gream-gi-pokazha-i-neizbrichenite-pazuvi-foto-01.jpg

Ешли Греам неодамна го прослави 33-от роденден, а со своите искрени фотографии на Инстаграм продолжува да ги руши бариерите.

Прво покажа како ѝ изгледа телото по породувањето, потоа ги покажа стриите на стомакот, па како дои во јавност, а сега ги покажа и неизбричените пазуви.

Плус сајз моделот шири позитивност и љубов кон себе во секакво издание. Таа порачува дека треба да се сакаме и со вишок килограми и без шминка, па дури и несредени.

po-striite-na-stomakot-plus-sajz-modelot-eshli-gream-gi-pokazha-i-neizbrichenite-pazuvi-foto-06.jpg

Има повеќе од 11 милиони следбеници кои навистина ја ценат нејзината искреност.

Дел од нејзините фотки:

po-striite-na-stomakot-plus-sajz-modelot-eshli-gream-gi-pokazha-i-neizbrichenite-pazuvi-foto-03.jpg
po-striite-na-stomakot-plus-sajz-modelot-eshli-gream-gi-pokazha-i-neizbrichenite-pazuvi-foto-07.jpg
po-striite-na-stomakot-plus-sajz-modelot-eshli-gream-gi-pokazha-i-neizbrichenite-pazuvi-foto-05.jpg
po-striite-na-stomakot-plus-sajz-modelot-eshli-gream-gi-pokazha-i-neizbrichenite-pazuvi-foto-04.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *