Грција оди во 3-неделен карантин: За итно излегување од дома треба да се пријават, забрането движење меѓу региони

(05.11.2020) Агресивното ширење на заразата го натера премиерот Кирјакос Мицотакис порано да преземе рестриктивни мерки со цел да се спречи оптоварувањето на здравствениот систем и да се стави заразата под контрола, така што повторно ги затвараат сите објекти на национално ниво, освен оние кои се неопходни за граѓаните.

grcija-odi-vo-3-nedelen-karantin-za-itno-izleguvanje-od-doma-treba-da-se-prijavat-zabraneto-dvizhenje-megju-regioni-01.jpg

„Уште еднаш, одбирам да преземам мерки порано, подобро отколку подоцна.“ – изјавил премиерот, велејќи дека агресивното ширење го натерало на оваа одлука, предложена од Комисијата професионалци.

grcija-odi-vo-3-nedelen-karantin-za-itno-izleguvanje-od-doma-treba-da-se-prijavat-zabraneto-dvizhenje-megju-regioni-02.jpg

Од сабота, сите продавници, локали и бутици ќе бидат затворени, патувањето и движењето помеѓу региони е забрането, а властите ќе го претстават новиот систем кој ги обврзува граѓаните да испраќаат пораки до владини броеви доколку треба да го напуштат домот за работа, училиште, посета на супермаркет, аптека, болница или вежбање.

Средните училишта ќе бидат затворени и ќе се учи онлајн, а градинките и основните училишта ќе останат отворени.

Премиерот најавил дека владата финансиски ќе ги поддржи граѓаните кои ќе бидат погодени од новиот „локдаун“ (затворање) на национално ниво, а детално планот ќе биде презентиран подоцна во текот на денот.

фото: depositphotos.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *