Мечето Теди повеќе нема да страда – од Штип отпатува во резерватот на Брижит Бардо (фото)

Ниту едно животно не заслужува да живее во нехумани услови, па токму затоа сме пресреќни што мечето Теди сега ќе живее на површина од 150.000 м2 и конечно ќе ги има сите услови за благосостојба, наместо тесниот кафез кој го имаше во Штип.

mecheto-tedi-povekje-nema-da-strada-od-shtip-otpatuva-vo-rezervatot-na-brizhit-bardo-foto-01.jpg

Мечето Теди, кое три ипол години живееше во несоодветни услови и мал кафез во ЗОО паркот во Штип, конечно отпатува во резерватот на Брижит Бардо и Четири шепи во Белица, Бугарија.

Оваа приказна дефинитивно е позитива на денот, па затоа проговоривме со портпаролот на ЗОО Скопје Тина Мицковска, која всушност беше иницијатор за акцијата:

„По фотографиите кои ми ги испратија совесни граѓани, отидов во Штип да го посетам Теди, а потоа мојот апел за спас на мечето преку социјалните мрежи стигна и до познатата светска организација за заштита на животните – Четири Шепи.

mecheto-tedi-povekje-nema-da-strada-od-shtip-otpatuva-vo-rezervatot-na-brizhit-bardo-foto-07.jpg

Тие ме исконтактираа на Фејсбук и заедно ја започнавме борбата за одземање на мечето бидејќи имаше и лица кои се противеа на тоа.

mecheto-tedi-povekje-nema-da-strada-od-shtip-otpatuva-vo-rezervatot-na-brizhit-bardo-foto-06.jpg

За среќа, со помош на мојот директор од Скопје ЗОО, тогашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, министерството за животна средина и АХВ успеав да средам Теди да има нов дом во „Паркот на танцувачките мечки” во Белица – резерват финансиран од фондацијата на Брижит Бардо и Четири Шепи.

mecheto-tedi-povekje-nema-da-strada-od-shtip-otpatuva-vo-rezervatot-na-brizhit-bardo-foto-05.jpg

Таму Теди ќе живее на површина од 150.000 м2 и конечно ќе ги има сите услови за благосостојба, наместо тесниот кафез кој го имаше во Штип.

Инаку, токму приказната со тажната судбина на Теди беше инспирација за Министерството за животна средина заедно со уште неколку невладини организации и Скопје ЗОО да почнат да работат на основање на прв Спасителен центар за диви животни во нашата држава каде што ќе може да им се помогне на многу животни кои биле жртви на криволовство, нелегална трговија, чување во нехумани услови и повреди нанесени од луѓе“, изјави Тина Мицковска за CRNOBELO.

Теди отпатува за Белица:

mecheto-tedi-povekje-nema-da-strada-od-shtip-otpatuva-vo-rezervatot-na-brizhit-bardo-foto-04.jpg
mecheto-tedi-povekje-nema-da-strada-od-shtip-otpatuva-vo-rezervatot-na-brizhit-bardo-foto-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *