„Не ѝ го отстапив местото на бремена жена во автобус, дали сум лоша личност?“ – Маж започна жестока дебата на Reddit

Откако еден маж сподели дека не ѝ го отстапил местото на бремена жена во автобус, бидејќи бил уморен и тој не бил виновен за нејзината состојба велејќи дека „постојат абортуси и средства за контрацепција“, корисниците на Reddit веднаш ја осудија неговата постапка.

ne-go-otstapiv-mestoto-na-bremena-zhena-vo-avtobus-dali-sum-losha-lichnost-mazh-zapochna-zhestoka-debata-na-reddit-01.jpgфото: depositphotos.com

На Reddit има форум – Am I the A**hole (дали сум „кретен“) – каде што корисниците споделуваат случки од нивниот живот, во кои направиле нешто што сметаат дека е лошо, но од оправдани причини. Другите корисници, пак, оценуваат дали нивната постапка е оправдана, или тие сепак се лоша личност.

Неодамна, еден корисник започна жестока дебатата на форумот, откако ја раскажа случката каде што не ѝ го отстапил местото во автобус на една бремена жена.

Неговата изјава во целост:

„Ова се случи минатата ноќ и моето семејство полуде кога им кажав.

На работам одам со автобус, и сега во јавниот превоз мораме да држиме дистанца. Ова значи дека има помалку места за седење.

На работа, постојано сум на нозе, а смената ми трае 10 часа. Тешко е, но платата е добра и можам да се справам, но после долг ден, многу ме болат стапалата. Навистина го ценам времето кога седам дури се возам до дома, бидејќи после ме чека уште 15-20 минути одење пеш од постојката.

Минатата вечер бев во автобус, кога влезе жена во поодмината бременост. Погледна наоколу за да најде седиште, но немаше слободно. Јас бев најблиску до неа, па почна да ме гледа. Носев слушалки и се преправав дека не ја гледам, но почна да ми зборува.

Не бев неучтив, само ѝ реков дека не можам да станам, имав долг ден и ме болат нозете. Не сакам да ѝ дозволам да седи. Таа почна да плаче и да кажува како е бремена и самохрана мајка, а јас и реков дека ми е жал, но дека тоа е нејзин избор и не може да очекува другите да се адаптираат на нејзините животни избори. Живееме во место каде што контрацепцијата и абортусите се бесплатни, па не знам како ова е мој проблем. Не е моја вина што одлучила да има бебе кога не може да си дозволи да купи автомобил.

После кратко расправање, еден стар човек рече дека јас сум „безвреден идиот“ и ѝ го отстапи седиштето на жената. Почна да зборува за „проклетите милениумци“, а јас само гледав на другата страна и се преправав дека не слушам. Кога мажот ѝ го отстапуваше местото, автобусот наеднаш застана и тој и жената паднаа. Почнаа да ми викаат, да ме нарекуваат со погрдни имиња, но јас само ги игнорирав.

Кога си дојдов дома и ѝ кажав на сестра ми, таа се налути, замина кај родителите и почна да плаче. Потоа и родителите почнаа да ми викаат. Но, бев уморен и имав долг ден, и не знам зошто продолжуваме да веруваме во тоа дека желбата за размножување некако значи дека имате дозвола да земете нечие седиште. И јас сум премногу уморен, сите сме уморни од пандемијата. Дали сум лошата личност?“

ne-go-otstapiv-mestoto-na-bremena-zhena-vo-avtobus-dali-sum-losha-lichnost-mazh-zapochna-zhestoka-debata-na-reddit02.jpg

Веројатно веќе ви е јасно зошто оваа објава ги разгневи корисниците. На мажот што не го отстапил седиштето веќе му докажаа дека е лоша личност, најмногу бидејќи очигледно ја навредил жената.

Како што нагласуваат некои од корисниците, тој не знае зошто таа нема автомобил – можеби е расипан или можеби нема возачка. Многумина нагласиле и дека не може да ѝ суди за тоа, кога во моментов ни тој нема автомобил. Некои корисници, пак, велат дека имале автомобил, но избегнувале да го користат за да го намалат загадувањето, па можеби и жената го прави тоа.

На голем број корисници воопшто не им се допаѓа што мажот ја навредува и осудува жената што е бремена – ѝ вели дека има средства за контрацепција и абортус. Како што велат некои од нив, веројатно не му е јасно дека повеќето жени се бремени бидејќи сакаат да бидат мајки.

Некои луѓе колку-толку го оправдуваат што не станал од седиштето, но сметаат дека немало потреба да ја навредува жената – доволно било само да ѝ каже „не“ затоа што и тој имал потреба да седи.

Што мислите вие за оваа постапка – дали ја оправдувате, или сметате дека мажот сепак претерал?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *