„Сега сме како вистинско семејство“ – 26-годишна девојка посвоила 9 сирачиња од Африка

Кога Лети Мекмастер почнала да волонтира во Африка, веројатно не ни помислувала колку ќе ѝ се промени животот после ова патешествие.

sega-sme-kako-vistinsko-semejstvo-26-godishna-zhena-posvoila-9-sirachinja-od-afrika01.jpg

Додека посетувала разни локации на континентот, младата девојка налетала на многу деца кои живееле во сиропиталишта и на улица кои, за жал, биле жртви на ментално и физичко малтретирање. Тогаш, одлучила да направи нешто и да ги промени животите на овие деца.

Лети имала само 18 години кога одлучила да отиде во Африка за да волонтира. Планот ѝ бил да остане таму еден месец, па да се врати во родната Англија и да се запише на факултет. Но, Лети се запрепастила кога фатила колку многу деца без родители се изложени на секакво малтретирање.

sega-sme-kako-vistinsko-semejstvo-26-godishna-zhena-posvoila-9-sirachinja-od-afrika-02.jpg

Едно сиропиталиште во Танзанија најмногу ѝ го привлекло вниманието. Децата живееле во ужасни услови, а не оделе ни на училиште. Наводно, парите што ги добивало сиропиталиштето со цел да се едуцираат децата, секогаш завршувале во џебовите на управителите. Поради ова, многу деца бегале оттаму, но животот на улица не бил ништо подобар.

Лети фатила дека мора да направи нешто, па наместо еден месец, таа останала во Африка цели три години, за да се осигури дека овие деца ќе ја добијат потребната поддршка. Кога сиропиталиштето било затворено во 2016-та, Лети веднаш почнала да бара решение за 9-те деца кои останале на улица.

После месеци поминати во средување документи, младата девојка добила дозвола да отвори дом за овие деца, но и да се регистрира како нивен легален старател. Ова довело до формирање на добротворната организација Street Children Iringa.

sega-sme-kako-vistinsko-semejstvo-26-godishna-zhena-posvoila-9-sirachinja-od-afrika-03.jpg

Денес оваа неверојатна жена има 26 години и се чувствува како родител на децата. Таа не им е само старател, туку навистина се обидува да влезе во улогата на мајка.

„Јас сум родителската фигура во домот – некои од малите деца кои никогаш немале родители ме гледаат како мајка. Но, повеќето ме гледаат како поголема сестра, бидејќи возрасната разлика меѓу нас е многу мала“.

Уште подобро е што секое од децата има можност да ги истражува своите таленти. Некои од нив покажале неверојатни резултати на училиште, едно од децата имало талент за музика, а едно е на пат да стане туристички водич.

Лети забележала дека штом овие деца ги добиле најосновните работи потреби за живот, веднаш почнале да напредуваат. Некои од нив се подготвуваат и за факултет.

sega-sme-kako-vistinsko-semejstvo-26-godishna-zhena-posvoila-9-sirachinja-od-afrika-05.jpg
sega-sme-kako-vistinsko-semejstvo-26-godishna-zhena-posvoila-9-sirachinja-od-afrika-06.jpg

Домот за деца на Лети се наоѓа во Танзанија, па поголемиот дел од времето таа го минува таму. 9 месеци од годината таа е во домот со децата, а останатите ги минува во Англија, каде што собира средства и се обидува да ја подигне свеста за нејзината мисија.

Според Лети, таа и децата веќе се како семејство:

„Кога сите ќе си дојдат од училиште, имаат домашни, приказни за раскажување, обврски… Ова е навистина семеен дом“.

sega-sme-kako-vistinsko-semejstvo-26-godishna-zhena-posvoila-9-sirachinja-od-afrika-07.jpg

Лети одлучила целиот живот да им го посвети на овие деца. Таа продолжува да бара и други дечиња кои завршиле на улица и им помага како што знае и умее.

sega-sme-kako-vistinsko-semejstvo-26-godishna-zhena-posvoila-9-sirachinja-od-afrika-08.jpg
sega-sme-kako-vistinsko-semejstvo-26-godishna-zhena-posvoila-9-sirachinja-od-afrika-09.jpg

Покрај домот, Лети има направено и безбедна куќа, каде што децата бездомници можат да најдат храна, засолниште и други неопходни работи. Моментално, во домот живеат 11 деца, а досега, заедно со домот и со безбедната куќа, Лети им помогнала на дури 49 сирачиња.

sega-sme-kako-vistinsko-semejstvo-26-godishna-zhena-posvoila-9-sirachinja-od-afrika-10.jpg

Нејзината мисија е да ги тргне овие деца од улица и да им даде шанса за пристоен живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *