Како да убедите некој да ви направи услуга и уште 8 корисни психолошки трикови, низ илустрации

Иако сите луѓе се различни, на многу нешта речиси сите реагираме исто. Ова, пак, можете да го искористите во ваша корист.

kako-da-ubedite-nekoj-da-vi-napravi-usluga-i-ushte-9-korisni-psiholoshki-trikovi-niz-ilustracii-01.jpg

Без разлика дали сакате да ѝ се допаднете на некоја личност, или само сакате да се натерате да направите нешто, психолошките трикови можат да бидат од голема помош.

Во продолжение погледнете 9 вакви трикови што сигурно ќе ви се најдат во секојдневието:

Трик за барање услуги

Ако очајно ви е потребна некоја поголема услуга од некој, а не сте сигурно дали ќе прифати, прво почнете со помали барања.

На пример, ако сакате да позајмите нечиј автомобил за следниот викенд, немојте веднаш да го барате тоа – прво прашајте дали може да позајмете некоја книга или слично. Но, немојте да претерувате па да оставите впечаток на личност која сака само да позајмува.

На овој начин многу е поверојатно подоцна личноста да се согласи за поголемата услуга, или барем ќе видите дали имате шанса. Ако не прифати да ви направи услуга за нешто мало – немате шанса ниту за нешто поголемо.

kako-da-ubedite-nekoj-da-vi-napravi-usluga-i-ushte-9-korisni-psiholoshki-trikovi-niz-ilustracii-02.jpg

Џвакање мастика во стресни ситуации

Едно истражување покажало дека џвакањето мастика во стресни ситуации може да ви помогне да се смирите.

Уште се истражува точната причина за ова, но испитаниците на возраст од 18 до 49 години кои џвакале мастика побрзо се смирувале во ваквите ситуации.

kako-da-ubedite-nekoj-da-vi-napravi-usluga-i-ushte-9-korisni-psiholoshki-trikovi-niz-ilustracii-03.jpg

Како да добиете повеќе информации од соговорникот?

Кога сакате некој да ви каже нешто повеќе, оставете го да зборува. Односно, откако ќе го поставите прашањето и личноста ќе ви даде одговор, немојте да зборувате и да го прекинувате, туку почекајте.

Во повеќето случаи, соговорникот ќе почувствува дека очекувате уште да зборува и ќе продолжи да зборува и да споделува повеќе информации.

kako-da-ubedite-nekoj-da-vi-napravi-usluga-i-ushte-9-korisni-psiholoshki-trikovi-niz-ilustracii-04.jpg

Како да препознаете на која личност ѝ се допаѓате?

Ако сте во група луѓе и сакате да откриете на која личност ѝ се допаѓате, без разлика дали како пријател или нешто повеќе, обрнете внимание кој гледа во вас кога сите се смеете.

Обично, кога се смеат, луѓето го свртуваат погледот кон личноста која најмногу им се допаѓа или која ја чувствуваат како најблиска.

kako-da-ubedite-nekoj-da-vi-napravi-usluga-i-ushte-9-korisni-psiholoshki-trikovi-niz-ilustracii-05.jpg

Како да се убедите да направите нешто?

Потребна е многу мала промена во зборовите за да се мотивирате да направите нешто. Наместо да си речете „Морам да го направам ова“, речете си „Сакам да го направам ова“и ставете си во ум дека ќе уживате во таа активност, наоѓајќи нешто забавно во тоа. Иако звучи многу едноставно, овој трик сигурно ќе ви помогне во некои ситуации, бидејќи мора сами да се натерате на нешто.

kako-da-ubedite-nekoj-da-vi-napravi-usluga-i-ushte-9-korisni-psiholoshki-trikovi-niz-ilustracii-06.jpg

Кимање со главата

Кога некој ви зборува нешто, обидете се почесто да кимате со главата. На овој начин ќе му дадете знак на соговорникот дека внимателно го слушате, па тој ќе има подобро мислење за вас.

Истовремено, ако сакате да добиете потврден одговор на некое прашање, суптилно кимајте со главата додека го поставувате.

kako-da-ubedite-nekoj-da-vi-napravi-usluga-i-ushte-9-korisni-psiholoshki-trikovi-niz-ilustracii-07.jpg

Кога е најдобриот момент да побарате нешто од некого?

Ако сакате да добиете услуга или дозвола од некој за нешто, „начекајте“ ја личноста кога е уморна. Обично уморните луѓе не сакаат да се расправаат, па поголема е веројатноста да добиете потврден одговор. Сепак, ова не значи дека баш секогаш ќе има позитивен исход, но вреди да се проба.

kako-da-ubedite-nekoj-da-vi-napravi-usluga-i-ushte-9-korisni-psiholoshki-trikovi-niz-ilustracii-09.jpg

Правило од 5 минути

Уште еден трик за мотивација – ако ви е тешко да се убедите да направите нешто, запрашајте се дали таа задача ќе ви одземе повеќе од 5 минути.

Без разлика колку ве мрзи во моментот, кога ќе сфатите дека ќе ја завршите обврската за помалку од 5 минути, сигурно ќе станете од креветот.

kako-da-ubedite-nekoj-da-vi-napravi-usluga-i-ushte-9-korisni-psiholoshki-trikovi-niz-ilustracii-10.jpg

Доброто расположение е „заразно“

Ако сакате вашите најблиски да се чувствуваат удобно и среќно во ваше друштво, обидете се секојпат кога сте со нив да бидете расположени.

Кога ќе го правите ова постојано, тие потсвесно ќе го поврзуваат доброто расположение со вас и повеќе ќе им годи вашето друштво. Ова не значи да глумите, но натерајте се да бидете попозитивни.

kako-da-ubedite-nekoj-da-vi-napravi-usluga-i-ushte-9-korisni-psiholoshki-trikovi-niz-ilustracii-11.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *