Народни лекови кои наводно ја смируваат кашлицата

Упорната и долготрајна кашлица може да биде измачување за организмот.

narodni-lekovi-koi-ja-smiruvaat-kaslicata-2_resize.jpg

Споделуваме како со неа се бореле бабите во минатото и кои народни лекови наводно им помагале:

1. Помешајте 1 лажица свеж босилек со 1 лажица мед во 300ml врела вода и оставете да отстои 10 минути. Потоа процедете го чајот и пијте ја течноста 3 пати во денот, пред јадење. Терапијата применувајте ја до оздравување.

2. 800g мед, 200ml ракија и 800g свеж путер промешајте ги додека не добиете паста. Консумирајте секое утро по 2 лажици – 30 дена.

3. 3 лажици кршен лист од темјан се прелева со половина литар врела вода, се поклопува 2 часа и потоа се процедува. Засладете со мед и пијте по 1 лажица на 2 часа.

narodni-lekovi-koi-ja-smiruvaat-kaslicata-001_resize.jpg

4. Истолчете неколку чешниња лук и додадете му 1-2 лажици домашен мед. Добро измешајте и консумирајте по 1 мала лажичка на секој час.

5. Сварете чај од виолетов кромид. Насечкајте една главица и прелијте со врела, зовриена вода. Нека отстои неколку минути, додека не добие црвено-кафеава нијанса. Процедете и пијте по неколкупати во текот на денот.

Напомена: Ова не се препорачани лекови од медицинско лице, туку народни лекови, што не значи дека со сигурност имаат ефект. Доколку решите да користите некој од нив, консултирајте се со стручно лице. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *