Постојано сте на телефон и уште 8 навики штетни за вашата врска исто како неверство

Не кажувате што ви пречи во врската и потоа пукате – трпите и си собирате, а потоа имате излив на бес и од вас излегува сета натрупана горчина, наместо навреме смирено да кажувате што ви пречи.

postojano-ste-na-telefon-i-ushte-8-naviki-shtetni-za-vashata-vrska-isto-kako-neverstvo-01.jpg

Можеби без да сфатите ја труете вашата врска. Можеби со некои свои постапки кои ги правите секојдневно не си дозволувате да бидете среќни со партнерот.

Не е само неверството тоа што може да уништи една врска, постојат и многу други работи.

Навики кои ѝ штетат на вашата врска:

Не кажувате „те молам“ и „благодарам“ – со тоа тој не знае дека го цените него, неговото време, труд и напори, односно го земате партнерот здраво за готово.

Станувате премногу комфорни – убаво е што знаете дека имате некој што ве сака со сите мани и не ве осудува, но станувајќи мрзеливи и не вложувајќи во себе и врската, може да ја уништите страста.

Недостиг на доверба – по љубовта, довербата е најважната работа, па мора да престанете да го контролирате и гушите партнерот.

postojano-ste-na-telefon-i-ushte-8-naviki-shtetni-za-vashata-vrska-isto-kako-neverstvo-03.jpg

Постојано сте на телефон – без разлика дали одговарате на мејлови од работа, читате статии или гледате фотографии на Инстаграм, правите да изгледа дека партнерот ви е здодевен и не ви е приоритет.

Не покажувате емоции – секој има потреба да се чувствува сакано, па така и вашиот партнер сака да му покажете љубов.

postojano-ste-na-telefon-i-ushte-8-naviki-shtetni-za-vashata-vrska-isto-kako-neverstvo-02.jpg

Се однесувате арогантно и супериорно – кога се карате, секогаш му велите дека тој греши, дека вие сте попаметни, го потценувате и правите да се чувствува неценето и инфериорно.

Недостиг на комуникација – не сте доволно отворени и искрени за своите мисли и чувства, а тоа е основата на добрата врска.

postojano-ste-na-telefon-i-ushte-8-naviki-shtetni-za-vashata-vrska-isto-kako-neverstvo-04.jpg

Лажете за мали работи – мислите дека се безначајни, но кога партнерот ќе ве фати во лага после нема да ви верува ниту за големите, ќе изгуби доверба во вас.

Не кажувате што ви пречи во врската и потоа пукате – трпите и си собирате, а потоа имате излив на бес и од вас излегува сета натрупана горчина, наместо навреме смирено да кажувате што ви пречи.

Фото: depositphotos.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *