Рисот Бистри фотографиран низ шумите во Национален парк Маврово

Деновиве во шумите на Националниот парк Маврово е забележан и фотографиран балканскиот рис Бистри.

risot-bistri-fotografiran-niz-shumite-vo-nacionalen-park-mavrovo01.jpg

На 10 балкански рисови од Националниот парк Маврово им беше ставен околувратник со GPS уред, со цел да се следи нивното движење. На Facebook профилот на Националниот парк, пак, споделија фотографија од еден од овие рисови – Бистри.

Бистри е шестиот балкански рис кој си доби околувратник, а неговото движење се следи од февруари минатата година. Деновиве, рисот е забележан низ шумите на националниот парк, а на нивниот Facebook профил споделија и фотографија:

„Тука е… Бистри владее низ шумите во Национален парк Маврово“, пишува во објавата.

risot-bistri-fotografiran-niz-shumite-vo-nacionalen-park-mavrovo-01.jpg

Покрај Риси, околувратници со GPS имаат и рисовите Марко, Ристе, Мартин, Деки, Маја, Филипче, Нарциса, Лиса и Атиџе.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *