„Се шминкам секој ден од 12 години, првпат ги зголемив градите на 17“ – Габриела е првата Барби од Чешка (фото)

Габриела Јирачкова (20) од Чешка, отсекогаш сонувала да стане Барбика. Уште како девојче, сакала да позира и да се облекува како најпопуларната кукла, а сега работи на случајот со помош на пластични операции за да го постигне овој изглед.

se-sminkam-sekoj-den-od-12-godini-prvpat-gi-zgolemiv-gradite-na-17-gabriela-e-prvata-barbika-od-ceska-01.jpg

Оваа пејачка и манекенка од Прага вели дека отсекогаш сакала да биде како принцезите од бајките. Кариерата како пејачка ја почнува со свои 7 години, а сега е позната како „првата Барбика од Чешка“.

„Се шминкам секојдневно од свои 13 години, а на 17 ја направив првата операција – зголемување на градите“- вели Јирачкова.

se-sminkam-sekoj-den-od-12-godini-prvpat-gi-zgolemiv-gradite-na-17-gabriela-e-prvata-barbika-od-ceska-04.jpg

Во октомври годинава ги заобли и зголеми дополнително. Покрај ова, таа редовно става филери, ботокс и останати полесни зафати.

„Илјадници мажи на Инстаграм ми пишуваат дека се смртно вљубени во мене. Многумина пробуваат да ме намамат на брак и врска. Се сликаат со мене на улица, а потоа шпекулираат дека сме во врска.

Еднаш ми се случи менаџер на компанија кој го запознав во кафуле да ми признае дека е вљубен во мене и потоа почна да ги убедува моите родители дека сме пред олтар. Ова е разбирливо. Каде сте виделе бајка во која принцот избрал грда принцеза? Тоа никогаш не се случува.“

se-sminkam-sekoj-den-od-12-godini-prvpat-gi-zgolemiv-gradite-na-17-gabriela-e-prvata-barbika-od-ceska02.jpg
se-sminkam-sekoj-den-od-12-godini-prvpat-gi-zgolemiv-gradite-na-17-gabriela-e-prvata-barbika-od-ceska03.jpg

„Барби е моќна жена која добива се што ќе посака. Затоа сакам да бидам како неа.“ – вели Габриела.

se-sminkam-sekoj-den-od-12-godini-prvpat-gi-zgolemiv-gradite-na-17-gabriela-e-prvata-barbika-od-ceska01.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *