Скорпиите ќе ви го оцрнат името, Вагите се умилкуваат кај другарите на бившиот: Хороскопските знаци после раскинување

Раскинувањата можат да бидат навистина болни, па не е чудно што речиси сите правиме луди работи кога преболуваме некој.

ribite-pishuvaat-devicite-se-odmazduvaat-shto-pravat-horoskopskite-znaci-koga-kje-nekoj-kje-im-raskine01.jpg

Во моментите кога сме тажни и повредени, некогаш е оправдано што правиме и глупости, само за да се чувствуваме подобро.

Во продолжение, пак, можете да погледнете кои се најлудите работи што ги прават хороскопските знаци кога некој ќе им раскине:

Овен

Овните мораат да се „издуваат“ откако ќе бидат оставени. Па, наместо да се опијат, да изедат многу сладолед или да плачат со тажен филм како повеќето луѓе, тие мораат да направат нешто лудо. Затоа, немојте да се изненадите ако бившиот со знак Овен купил мотор, ја офарбал косата или ставил пирс на јазикот после раскинувањето.

Бик

Штом ќе се разделите, Бикот нема да ве вознемирува. Всушност, нема воопшто да го видите, ниту пак да го чуете. Само немојте да бидете изненадени ако подоцна разберете дека се преселил во друга држава. Кога ќе прекинат сериозна врска, Биковите чувствуваат потреба да променат многу нешта во животот, но и да ги остварат целите кои не можеле додека биле со партнер.

Близнаци

Близнаците никако не можат да поднесат да се чувствуваат лошо. Кога се депресивни, можат да ги донесат најлудите одлуки, за кои подоцна секако ќе зажалат. Ништо чудно после раскинувањето Близнаците да прават сè што е во нивна моќ за да ве убедат дека им е многу подобро без вас, без разлика што тоа е лага.

ribite-pishuvaat-devicite-se-odmazduvaat-shto-pravat-horoskopskite-znaci-koga-kje-nekoj-kje-im-raskine-02.jpg

Рак

После раскинувањето, Раковите си дозволуваат да бидат промискуитетни – нешто што е сосем спротивно на нивната природа. Тие сакаат да се во врска, па откако ќе се разделат од партнерот со кого си ја замислувале иднината, ќе почнат да бараат нови партнери и да се впуштаат во секакви авантури, без многу размислување.

Лав

Лавовите се желни за внимание, па откако ќе раскинат, веднаш почнуваат да го бараат тоа. После разделбата најверојатно ќе најдат ново хоби, за коешто ќе се фалат каде и да стигнат. Истовремено, ќе се осигурат дека и бившиот партнер ќе дознае за нивните подвизи, само за да му покажат дека животот им е супер.

Девица

Девиците се однесуваат можеби најчудно после раскинување. Ако разделбата навистина ги повредила, Девиците ќе се чувствуваат многу навредено. Поради ова, ќе бараат начин да му се одмаздат на бившиот. А, штом Девицата ќе науми да ви наштети, тешко дека ќе ѝ избегате.

ribite-pishuvaat-devicite-se-odmazduvaat-shto-pravat-horoskopskite-znaci-koga-kje-nekoj-kje-im-raskine03.jpg

Вага

После раскинувањето, Вагите се обидуваат да ги присвојат пријателите на бившиот. Слично како Девиците, и нив им е важно да се одмаздат, а „крадењето“ на пријателите им изгледа како одличен начин да ја постигнат целта.

Скорпија

За Скорпиите нема поголема навреда од тоа да бидат оставени од партнерот. Па, навистина им е тешко да го прифатат тоа кога ќе се случи. Скорпиите се жестоки и ако ги повредите, ќе најдат начин да ви го згорчат животот – ќе ве озборуваат и вистински ќе се потрудат да ви го оцрнат името. Во ниту еден момент нема да ги преиспитаат своите постапки и ќе одат до крај, дури не си ја постигнат целта.

Стрелец

Бидејќи се многу горди личности, Стрелците нема да дозволат другите да дознаат дека се повредени. Едноставно, тие ќе престанат да зборуваат за врската и бившиот и ќе се однесуваат како ништо да не се случило. А, ако му раскинете на Стрелецот, вие повеќе не постоите за него.

ribite-pishuvaat-devicite-se-odmazduvaat-shto-pravat-horoskopskite-znaci-koga-kje-nekoj-kje-im-raskine05.jpg

Јарец

Ако му раскинете на Јарецот, тој ќе се потруди да сфатите дека вие сте виновни што сте го повредиле. Истовремено, Јарецот ќе се обиде да ве придобие и освои, а кога ќе добие втора шанса, ќе сфати дека не му е сеедно што претходно сте го оставиле. И, врската повторно ќе заврши на истиот начин.

Водолија

За да ги преболат бившите, на Водолиите им треба многу малку време – околу пет минути. Штом ќе се разделат од партнерот, без разлика колку сериозна била врската, Водолиите веднаш ќе си најдат некое хоби, а можеби и друг партнер.

Риби

Рибите тешко ги преболуваат раскинувањата – речиси никогаш. Но, наместо да бидат гневни, тие ќе ја искористат нивната тага како инспирација, па ќе ги нацртаат најубавите слики и ќе ги напишат најемотивните поеми. Сепак, ако биле многу повредени, без проблем ќе го оцрнат бившиот во нивните уметнички дела.

ribite-pishuvaat-devicite-se-odmazduvaat-shto-pravat-horoskopskite-znaci-koga-kje-nekoj-kje-im-raskine04.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *