Девицата се прска со алкохол, Близнаците прават селфи – Хороскопските знаци пред ковид амбуланта

Замислете дека пред ковид амбуланта се наоѓаат сите сите хороскопски знаци и чекаат во ред да ги тестираат – што прави секој од нив?

devicata-se-prska-so-alkohol-bliznacite-pravat-selfi-horoskopskite-znaci-pred-kovid-ambulanta-01.jpg

Лавот влегува преку ред и бара врски во амбулантата, не му доликува да чека. Поминува покрај Ракот, кој на сите им дели витамини и прашоци.

Девицата се прска без престан со алкохол и се распрашува кај Стрелецот дали е безбедно да се извади маската за земање брис. Стрелецот и понатаму тврди дека ѝ е само алергија.

Близнаците нормално прават селфи и објавуваат на Инстаграм и Фејсбук да се пофалат. Јарецот со презир го гледа Бикот како јаде бурек додека чека ред, а Рибата размислува дека уште не појадувала.

Додека Водолијата зборува без престан со сите во редот, Вагата се прашува дали требало сепак да си остане дома.

Пристига и Скорпијата која силно кашла и не размислува дека на другите им е непријатно во пандемија да бидат покрај некој што кашла.

Овенот веќе одамна си заминал, не може да го трпи ова лудило.

фото: depositphotos.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *