Зошто е забрането да се смееме на сликите за пасош?

Дали некогаш сте се запрашале зошто на личните документи – лична карта, возачка дозвола и пасош, мора да бидете сериозни на сликата?

zoshto-e-zabraneto-da-se-smeeme-na-slikite-za-pasosh-01.jpg

Постои добра причина за ова.

Во Франција, постоела шега „Ние сме Французи, не се смееме!“. Последица за ова била одлуката која ја донел француски судија која гласи дека на фотографиите за лични документи никој не смее да биде насмеан. Истата одлука веднаш потоа била донесена и во Велика Британија.

Ова денес е пракса во повеќето земји од безбедносни причини.

zoshto-e-zabraneto-da-se-smeeme-na-slikite-za-pasosh-02.jpg

Пасошите имаат чип кој содржи биометриски податоци за вас кои се пресметани врз основа на вашата фотографија. Сликата се скенира и се гледаат клучните карактеристики на вашето лице – растојанието помеѓу очите, растојание од носот до брадата и на тој начин се креира т.н. „математичка мапа“.

Носењето очила за сонце или насмевка, ја спречуваат ефикасноста на алгоритамот и пречат на креирање на мапата.

На аеродромите, ве снима камера која го скенира вашето лице.  Потоа компјутерски се гледа дали вашиот лик се поклопува со математичката мапа од вашиот пасош.

фото: depositphotos.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *