Секој трет е милионер, просечниот животен век е 86 години: Интересни факти за животот во Монако

На жителите на Монако им е забрането да играат во казината, всушност не смеат дури ниту да влезат во нив, освен ако не се вработени таму. Мал стан со една спална соба може да чини околу 1.5 милиони евра, а ако сакате луксуз тогаш подгответе 50 милиони евра.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-01.jpg

Кога ќе помислите на Монако сигурно на ум ви паѓаат луксузни казина, улици по кои шетаат славните личности, скапи јахти и спортски автомобили.

Оваа мала земја уште се нарекува и „игралиште на милијардерите“, што не е изненадувачки затоа што една третина од популацијата на земјата може да се пофали со импресивно богатство. Инаку, вкупната површина на Монако изнесува 2 квадратни километри

Интересни факти за животот во Монако:

Во Монако живеат повеќе од 12.000 милијардери, а нивниот број драстично се зголемува секоја година.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-29.jpg

На жителите на Монако им е забрането да играат во казината, всушност не смеат дури ниту да влезат во нив, освен ако не се вработени таму.

Законот постои од 19-от век, односно од самото појавување на казината. Принцот Чарлс III требало да ја извади државата од економската криза и тоа го сторил со помош на казината, но сметал дека ако им дозволи на граѓаните да се коцкааат, тогаш само ќе ја влоши ситуацијата.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-30.jpg

Од 38.000 жители на Монако, 75% се родени во други држави, па се доселиле во Монако.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-32.jpg

Просечниот животен век на луѓето е највисок во светот, поточно 86 ипол години, а истовремено сиромаштијата е сведена речиси на 0.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-11.jpg

Официјален јазик е францускиот, но поголемиот дел од популацијата зборува англиски, а дел и италијански.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-06.jpg

Државата има најголем број на полицајци по глава на жител, односно има 1 полицаец на 100 жители и токму затоа Монако е држава со најмалку криминал во светот.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-02.jpg

Да се живее во Монако е побезбедно отколку во амбасада – се фотографираат регистерските таблички на секој автомобил што влегува во градот и се проверуваат во базата на податоци.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-03.jpg

Малиот затвор ретко е до половина полн, ќелиите се комфорни со поглед Медитеранското Море, но прозорците се високо поставени и затворениците ретко може да уживаат во глетката.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-18.jpg

Во работните денови бројот на луѓе во Монако од 38.000 инстантно се зголемува на 58.000, поради тоа што тука работат многу луѓе од соседните земји Франција и Италија.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-05.jpg

Единствениот природен ресурс на земјата е рибата, но дури и на неа не ѝ прават извоз.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-15.jpg

Монако е една од најнаселените земји на светот, постојано се градат нови згради и тешко е да најдете мирно ќоше.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-13.jpg

Насекаде има симболи на богатството на луѓето, па автомобилите како Ferrari и Lamborghini се секојдневие.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-07.jpg

Има многу милионери, но тие најчесто се новодоселени, локалците обично работат во продавниците, здравствениот и образовниот систем и се заштитени од власта.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-20.jpg

За да станете жител на Монако треба или да најдете работа или да лансирате свој бизнис или да покажете дека сте многу богати, односно да ставите депозит од 500.000 евра во која била банка во Монако.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-14.jpg

Постои мислење дека Монако е рај без даноци, но тоа не е вистина и таму плаќаат и работодавачите и вработените.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-23.jpg

За да се заштеди простор многу згради имаат доста подземни катови.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-31.jpg

Во 2025 се планира проект на „Portier Cove“ со кој дел од морето ќе се приспособи за градба.

Ова не е првпат да се прави такво нешто, во минатото Монако на овој начин зголеми 20% од својата територија.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-24.jpg

Купувањето стан во Монако е екстремно скапо и цената по метар квадратен е околу 50.000 евра, односно меѓу највисоките во светот.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-26.jpg

Мал стан со една спална соба може да чини околу 1.5 милиони евра, а ако сакате луксуз тогаш подгответе 50 милиони евра.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-16.jpg

Во Монако нема градови, односно Монако е град – држава со повеќе административни окрузи од кои најпознат е Монте Карло, а најстар Монако Вил, кој се смета за центар на државата, тука се резиденцијата на принцот и влада.

sekoj-tret-e-milioner-prosechniot-zhivoten-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-33.jpg

Кириите на становите се превисоки, односно нешто најосновно ќе ве чини 3.000 евра, а поголем стан со 2 спални и балкон може да ве чини и повеќе од 10.000 евра

Затоа многу луѓе што работат во Монако, живеат во Франција и патуваат.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-11.jpg

Семејните врски се многу важни во Монако, што не е изненадувачки затоа што луѓето родени таму имаат многу големи привилегии од државата. Процентот на разводи е многу мал.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-29.jpg

Најголем дел од земјиштето на оваа мала држава се посветува на игралиштата за деца.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-08.jpg

На Универзитетот од Монако се делат стипендии за студенти од 70 земји во светот и привилегија е што принцот го посетува универзитетот и лесно можете да стапите во контакт со него.

Студентите живеат во студентски дом во Франција, но од него до универзитетот стигнуваат со 20 минутно пешачење.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-09.jpg

Во Монако сонцето свети 300 денови во годината и жителите се многу горди на тоа.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-28.jpg

Цела држава можете да ја минете пешки за неколку часа, но потребно е кондиција за ридските делови.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-18.jpg

Во Монако нема аеродром, бидејќи нема простор за тоа, најблискиот е во Ница, а оттаму до Монако може да се дојде со хеликоптер.

sekoj-tret-e-milioner-zhivotniot-vek-e-86-godini-interesni-fakti-za-zhivotot-vo-monako-12.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *