8 бонтон правила кои секоја дама треба да ги почитува во ресторан

Хартиената салфетка никогаш не треба да ја ставате во чинијата, иако сте завршиле со оброкот.

8-bonton-pravila-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-pochituva-vo-restoran-01.jpg

Ана Беј е инфлуенсерка која живее во Лондон, а родена е во Шведска, и дава упатства како треба да се однесуваат вистинските дами.

Дел од бонтон правилата што ги препорачува Ана:

– Дамите никогаш не треба да ја стават чашата вино на погрешно место, откако ќе се напијат голтка. Чашата вода треба да стои лево, а чашата вино десно, поблиску до чинијата.

– Чашата вино држете ја за столчето, а не со прстите околу неа.

– Ако сакате да си ја дополните чашата, запомнете дека секогаш прво треба да ја надополните чашата на личноста што седи со вас, а потоа вашата.

8-bonton-pravila-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-pochituva-vo-restoran-02.jpg

– Листовите од салатата не треба да ги сечете, туку треба да ги јадете цели.

– Лебот кога сте во ресторан секогаш треба да го кршите на мали парченца и да го јадете така.

– Дама никогаш не смее да нанесува шминка додека седи на маса, мора да појде во тоалет за тоа.

8-bonton-pravila-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-pochituva-vo-restoran-03.jpg

– Дури и кога сте настинати не треба да го дувате носот на маса, туку треба да појдете во тоалетот.

– Хартиената салфетка никогаш не треба да ја ставате во чинијата, иако сте завршиле со оброкот.

8-bonton-pravila-koi-sekoja-dama-treba-da-gi-pochituva-vo-restoran-04.jpg

Видеото со упатствата од Ана:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *