SpaceX со нова мисија: Успешно беа лансирани астронаути до Меѓународната вселенска станица во Crew Dragon (фото+видео)

Тројца астронаути од НАСА и еден астронаут од JAXA – јапонската вселенска агенција, на 16 ноември, околу 1 часот наутро, беа лансирани со капсулата Crew Dragon, со тоа почнувајќи ја нивната 6-месечна мисија на Меѓународната вселенска станица.

posle-uspeshnoto-lansiranje-so-raketata-falcon-9-crew-dragon-vtorpat-nosi-astronauti-do-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto-video01.jpg

Мајкл Хопкинс, Виктор Гловер и Шенон Вокер од НАСА, заедно со Соичи Ногучи од ЈАХА ќе поминат 27 часа во орбита, а се очекува да пристигнат до Станицата во вторник, 17 ноември, околу 4 часот наутро.

posle-uspeshnoto-lansiranje-so-raketata-falcon-9-crew-dragon-vtorpat-nosi-astronauti-do-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto-video-03.jpg

Ова е второто лансирање на екипаж со леталото Crew Dragon, после лансирањето во мај со астронаутите Даг и Роберт.

За разлика од првото лансирање, кое беше само тест и во кое учествуваа само пилоти, овојпат станува збор за цела мисија каде што членовите на екипажот се експерти од неколку области.

Астронаутите ќе останат на Станицата 6 месеци и ќе прават разни истражувања. Тие ќе го истражуваат влијанието на микрогравитацијата врз човечкото срце, а ќе се обидат и да одгледуваат ротквици – експеримент со кој научниците се обидуваат да откријат дали и како може да се одгледува храна во вселенските бродови кои во иднина ќе одат на многу подолги мисии.

posle-uspeshnoto-lansiranje-so-raketata-falcon-9-crew-dragon-vtorpat-nosi-astronauti-do-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto-video-06.jpg

Од НАСА се надеваат дека соработката со SpaceX ќе продолжи и ќе им овозможи постојано да испраќаат екипаж на Меѓународната вселенска станица.

Досега од НАСА беа присилени да го користат руското летало Soyuz за да лансираат астронаути, па поради високите трошоци, на Станицата постојано недостасуваат научници од разни области кои можат да ги водат експериментите и истражувањата.

Со пристигнувањето на Dragon Crew, на Станицата ќе има седум астронаути.

posle-uspeshnoto-lansiranje-so-raketata-falcon-9-crew-dragon-vtorpat-nosi-astronauti-do-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto-video-07.jpg
posle-uspeshnoto-lansiranje-so-raketata-falcon-9-crew-dragon-vtorpat-nosi-astronauti-do-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto-video-08.jpg

Лансирањето беше одложено двапати – еднаш поради проблеми со ракетата Falcon 9, која беше искористена и за претходното лансирање, а потоа поради временските услови.

posle-uspeshnoto-lansiranje-so-raketata-falcon-9-crew-dragon-vtorpat-nosi-astronauti-do-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto-video-04.jpg
posle-uspeshnoto-lansiranje-so-raketata-falcon-9-crew-dragon-vtorpat-nosi-astronauti-do-megjunarodnata-vselenska-stanica-foto-video-05.jpg

Ракетата Falcon 9 успешно се одвои од капсулата Crew Dragon и безбедно слета на Земјата. Капсулата, пак, веќе почна да се движи кон Станицата.

Од SpaceX ја направија капсулата Crew Dragon како дел од програма на НАСА и, за првпат во историјата, вселенската агенција дозволи некој од приватниот сектор да биде одговорен за поголемиот дел од дизајнот, технологијата и тестирањето на леталото.

Во проектот учествува и Boeing, а бидејќи леталата ќе им припаѓаат на SpaceX и Boeing, компаниите ќе можат да ги користат и за туристички летови, приватни истражувања или за кој било што моментално може да си дозволи да плати неколку милиони за тоа.

На видеото во проодлжение можете да го следите целиот настан во живо, вклучувајќи го и пристигнувањето на екипажот на Станицата во вторник, 4 часот наутро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *