Доктор открива трик: Како да не ви се замаглуваат очилата додека носите маска?

Ако некој видел најголема мака од замаглување на очилата додека носи маска, со сигурност тоа е медицинско лице, но еден доктор открива трик кој ќе ви биде од корист периодов, со оглед на тоа што маската ни е задолжителен додаток.

doktor-otkriva-trik-kako-da-ne-vi-se-zamagluvaat-ochilata-dodeka-nosite-maska-01.jpg

Носењето маски станува секојдневие и добро е што гледаме многу повеќе луѓе кои почнуваат да ја почитуваат мерката која спасува животи.

Но, за оние кои носат очила за гледање, носењето маска е вистински предизвик.

За среќа, докторот Даниел Хајферман, кој специјализира на неврохирургија во Чикаго, открива трик кој може да го пробате уште сега:

„Ако имате тешкотии со замаглување на очилата или маската постојано ви паѓа под нос, едноставен фластер ќе направи чуда. Го научив ова во операциона сала. Слободно споделете, може да спаси животи!“ – напиша на својот Твитер профил и објави фотка од решението.

doktor-otkriva-trik-kako-da-ne-vi-se-zamagluvaat-ochilata-dodeka-nosite-maska-02.jpg

Твитот на докторот стана вирален, а го споделуваат дури и ѕвездите, една од нив е Криси Тајген.

фото: depositphotos.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *