Ирина Шајк во спортско издание ја шета 3-годишната ќерка во количка (фото)

Ирина Шајк е од мајките кои уживаат во прошетки со дечињата дури и во поладните денови и си ги завршува сите обврски со неа, но сепак не се откажува од количката додека се шета со 3-годишната Леа. 

irina-shajk-vo-sportsko-izdanie-ja-sheta-3-godishnata-kjerka-vo-kolichka-foto01.jpg

Ирина Шајк беше забележана низ улиците на Њујорк во лежерно издание – со хеланки, спортски градник и јакна – додека завршувала обврски низ градот.

irina-shajk-vo-sportsko-izdanie-ja-sheta-3-godishnata-kjerka-vo-kolichka-foto-02.jpg

Со 34-годишниот супермодел беше и ќеркичката Леа. Малото девојче носеше сладок капут, фармерки и зимска капа.

Леа веќе има три години, а Ирина изгледа сака максимално да ги искористи миговите додека таа не е преголема за да ја шета во количка – супермоделот речиси секогаш си ја носи количката со неа за секој случај кога малечката Леа ќе се измори од пешачење.

irina-shajk-vo-sportsko-izdanie-ja-sheta-3-godishnata-kjerka-vo-kolichka-foto-05.jpg

Ирина ја роди Леа во 2017-та, а нејзин татко е Бредли Купер, со кого супермоделот се раздели минатата година.

Тие беа заедно четири години, но наводно немале воопшто време еден за друг, па сфатиле дека разделбата е најдобрата опција и за нив, и за нивата ќерка.

irina-shajk-vo-sportsko-izdanie-ja-sheta-3-godishnata-kjerka-vo-kolichka-foto05.jpg

Веќе неколку месеци кружат гласини дека Ирина е во врска со друг маж, но со Бредли заедно се грижат за Леа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *