„Не го губи своето јас поради другите“ – 11 работи што секоја мајка треба да ѝ ги каже на својата ќерка

Ако сте родител, сигурно го посакувате најдоброто за вашето дете и сакате да го подготвите за животот што го чека.

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka01.jpg

Веројатно и веќе ви е јасно дека децата растат навистина брзо – дури да трепнете, вашето мало девојче веќе не е мало дете и почнува да се подготвува за светот на возрасните. Во овие мигови, пак, можеби ќе зажалите за работите што сте заборавиле да ѝ ги кажете.

Затоа, погледнете кои се работите што секоја мајка би требало да ѝ ги каже на својата ќерка:

Грешките се всушност добро искуство и никој не може да ги избегне. Кога ќе погрешиш, не се откажувај, туку размисли за грешката, извлечи некоја поука од неа и продолжи да се движиш кон целта.

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka-02.jpg

Не постојат совршени луѓе. Во некој момент, сите ќе се соочат со некаков неуспех. А, тајната за успехот е едноставна – „падни“ петпати, но „стани“ шест.

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka-03.jpg

Почитувај се себеси. Туѓото мислење за тебе не треба да ти влијае. Обиди се сама да ги откриеш своите вредности и недостатоци и работи на она што сметаш дека треба да го подобриш.

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka-04.jpg

Првата љубов не мора да биде за цел живот. Луѓето созреваат, нивните патишта се разделуваат… Ако некоја врска не успее, научи некоја лекција од неа, но немој да губиш верба во љубовта.

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka-05.jpg

Добрината може да направи чуда. Дај ѝ искрен и добар комплимент и на најлошата личност, и ќе забележиш позитивна промена кај неа.

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka-06.jpg

Помогни кога можеш, но не давај сè од себе за сите. Повеќето луѓе нема да го ценат тоа.

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka-07.jpg

Ако сакаш да дознаеш каков е некој маж, обрни внимание на тоа како ги третира животните. Личноста со добро срце никогаш нема да повреди животно, дури и ако не е љубител на животни.

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka-08.jpg

Немој да го изгубиш своето јас поради другите. Животот е патување, а на твоето патување, само ти ги донесуваш одлуките. Размисли – дали е подобро да се обидуваш да им удоволиш на сите, или да го живееш животот по свои правила и да бидеш вистински среќна?

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka-09.jpg

Верувај во себе. Кога ќе ти се разниша самодовербата, обиди се да се фокусираш на твоите квалитети. Не ги слушај другите, бидејќи само ти знаеш што е најдобро за тебе.

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka-10.jpg

Материјалните нешта можеби ќе те направат среќна, но оваа среќа е краткотрајна. Не ги слушај другите и фокусирај се на искуствата – кога, на пример, ќе ја посетиш дестинацијата од соништата, сигурно нема да ти биде важно колку е скапа твојата облека.

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka-11.jpg

Многу пријатели од средно ќе исчезнат од твојот живот веднаш откако ќе завршите. Ако сепак имаш среќа да останеш блиска со барем еден, чувај го и негувај го тоа пријателство.

ne-go-gubi-svoeto-jas-poradi-drugite-11-raboti-shto-sekoja-majka-treba-da-gi-kazhe-na-svojata-kjerka-12.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *