„Преспивав кај нив кога немав скршена пара“ – Џорџ Клуни им подарил по 1 милион долари во кеш на пријателите кои му помогнале во минатото

Веќе неколку години кружат гласини дека Џорџ Клуни им подарил по 1 милион долари на неколку пријатели што му помогнале кога имал сериозни финансиски проблеми. Сега, актерот ја потврди приказната.

bez-niv-nemashe-da-napravam-nishto-dzhordzh-kluni-im-podaril-po-eden-milion-dolari-kesh-na-prijatelite-koi-mu-pomognale-vo-minatoto-01.jpg

Џорџ Клуни отсекогаш го бие добар глас, па на многумина им беше лесно да поверуваат во гласините дека им подарил по 1 милион долари на 14 добри пријатели.

Овие луѓе му помогнале пред тој да стане славен и богат, па актерот сметал дека мора да им се оддолжи. Актерот вели дека ова се случило во 2013-та, кога беше сингл и не планираше да го промени тоа.

„Немав семејство, но ги имав овие пријатели кои во текот на 35 години ми помогнаа на разни начини. Преспивав во нивните домови кога немав ни скршена пара. Ми позајмуваа пари, ми помагаа секогаш кога ми требаше помош“, изјави Клуни за GQ.

bez-niv-nemashe-da-napravam-nishto-dzhordzh-kluni-im-podaril-po-eden-milion-dolari-kesh-na-prijatelite-koi-mu-pomognale-vo-minatoto-02.jpg

Актерот беше прогласен за икона на годината од страна на познатиот магазин, а приказната ја сподели во интервју. Тој долго размислувал како може да им покаже на пријателите дека е благодарен за нивната помош:

„Си реков, а зошто да не им дадам по милион долари? „Знам дека без нив немаше да постигнам ништо од ова. Сите сме многу блиски, па си мислев ако некогаш ме удри автобус, овие луѓе се во мојот тестамент и ќе добијат многу пари. Но тогаш помислив зошто да чекам да ме удри автобус?“

bez-niv-nemashe-da-napravam-nishto-dzhordzh-kluni-im-podaril-po-eden-milion-dolari-kesh-na-prijatelite-koi-mu-pomognale-vo-minatoto-04.jpg

Кога актерот ја донел одлуката во 2013-та, ги викнал пријателите на вечера и на сите им дал по една актовка во која имало по 1 милион долари во кеш.

„Им реков ’Никогаш нема да се венчам. Нема да имам деца‘. Си помислив ќе работам, имам многу добри пријатели, животот ми е исполнет, ми оди одлично“.

Актерот сметал дека бидејќи нема семејство, добро би било да подели дел од богатството со луѓето кои му помогнале најмногу.

bez-niv-nemashe-da-napravam-nishto-dzhordzh-kluni-im-podaril-po-eden-milion-dolari-kesh-na-prijatelite-koi-mu-pomognale-vo-minatoto-03.jpg

Актерот долго време беше сингл и беше задоволен од тоа, но во интервјуто вели дека Амал го променила сето тоа.

„Не знаев дека всушност не се чувствувам исполнето сè додека не ја запознав Амал. Тогаш сè се промени. Никогаш претходно не сум бил во ситуација каде што нечиј живот ми бил поважен од мојот“, вели актерот за неговата сакана.

bez-niv-nemashe-da-napravam-nishto-dzhordzh-kluni-im-podaril-po-eden-milion-dolari-kesh-na-prijatelite-koi-mu-pomognale-vo-minatoto-05.jpg

Во интервјуто Клуни открива и зошто решил да направи пауза од актерската кариера и да почне да работи како режисер. Наводно, актерот не сакал да престане да добива улоги поради неговата возраст и така да ја заврши кариерата.

„Не сакам на 60 години да се грижам што мисли за мене некој млад режисер или продуцент. Режирањето е како сликање. А, сценаристите и актерите се како боите за таа слика“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *