Сингл девојка во пандемија: „Мажите се очајни, ми праќаат недолични фотки и користат онлајн љубовни состаноци за да ги изневеруваат девојките“

„Мажите се очајни, ми дофрлаат недолични коментари во супермаркет, а еднаш бев на онлајн состанок кога забележав дека девојката го фати дечкото како е на камера со мене“ – 27-годишна девојка од Лондон открива како е да се биде сингл во време на пандемија и какви се мажите.

singl-devojka-vo-pandemija-mazhite-se-ochajni-mi-prakjaat-nedolichni-fotki-i-koristat-onlajn-ljubovni-sostanoci-za-da-gi-izneveruvaat-devojkite-1.jpg

Џоди Вестон е 27-годишна девојка од Лондон, која работи како радио презентерка и диџеј, а се смета и за инфлуенсер. За време на карантините заради пандемијата, таа имала шанса да го искуси онлајн состанувњето со потенцијални партнери и е целосно разочарана. 

Таа вели дека голем дел од мажите се очајни, прават непромислени работи, испраќаат невкусни фотографии во приватни пораки и дофрлаат недолични коментари во супермаркет. 

singl-devojka-vo-pandemija-mazhite-se-ochajni-mi-prakjaat-nedolichni-fotki-i-koristat-onlajn-ljubovni-sostanoci-za-da-gi-izneveruvaat-devojkite03.jpg

„Од почетокот на пандемијата бев отприлика на 8 виртуелни состаноци. Кога ќе запознаам некој на апликација за состанување, си правам истражување за да проверам да не се работи за некој лудак. Се допишувам и малку подолго време за да знам дека ќе имаме за што да зборуваме кога ќе се видиме. Нема ништо полошо од непријатна тишина на прв состанок.“ – ја започнува таа својата исповед.

singl-devojka-vo-pandemija-mazhite-se-ochajni-mi-prakjaat-nedolichni-fotki-i-koristat-onlajn-ljubovni-sostanoci-za-da-gi-izneveruvaat-devojkite07.jpg

Таа за време на пандемијата наишла на непријатни ситуации со неколку мажи, а се потсетува на љубовен состанок на Zoom, кога забележала дека зад дечкото на камера се појавува друга девојка.

„Бев на Zoom дејт за време на пикот на пандемијата и работите си течеа во ред. Имавме убав разговор за нашето секојдневие и за тоа како се одржуваме позитивни во пандемија. И одеднаш, една девојка прошета во позадината на екранот и тој продолжи да зборува зазјапан во екранот. Откако сфати во што гледам, се сврте и одеднаш го затвори лаптопот, бидејќи очигледно тоа беше девојка му.“

singl-devojka-vo-pandemija-mazhite-se-ochajni-mi-prakjaat-nedolichni-fotki-i-koristat-onlajn-ljubovni-sostanoci-za-da-gi-izneveruvaat-devojkite05.jpg

Таа исто така добила и преку 100 експлицитни фотки во пораки на Инстаграм и открива дека има видено 100 фотки од машки полов орган само годинава.

„Честопати Инстаграм предупредува дека фотографијата во пораки е заматена бидејќи може да е несоодветна, но секогаш си велам дека можеби е нешто друго и ја одобрувам, па повторно се разочарувам кога ќе видам грозен пенис.

Навистина тоа не е нешто што сакате да го видите кога ќе се разбудите или во кој било дел од денот воопшто! Најчесто ги блокирам овие профили. Многу е непотребно. Не знам зошто го прават ова момците. Не сум запознала жена што сака да добива такви пораки од непознати мажи.“ 

singl-devojka-vo-pandemija-mazhite-se-ochajni-mi-prakjaat-nedolichni-fotki-i-koristat-onlajn-ljubovni-sostanoci-za-da-gi-izneveruvaat-devojkite.jpg

Џоди се присеќа и на моменти кога била напаѓана во јавност во обични денови додека шета со мајка ѝ, или кога ја малтретираат во маркети.

„Ми се случило мажи агресивно да ми проаѓаат дури и кога се шетам со мајка ми. Ми бараат број пред неа или кога сум во маркет, ми довикуваат со глупави фрази како Еј згодна, што ќе правиш после шопинг?/Ти ги обожавам нозете. Еднаш дури и обезбедувањето почна да флертува со мене. Веројатно затоа што во еден период само супермаркетите работеа, па мажите мислеа дека таму им е единствената шанса и си ја пробуваа среќата.“

singl-devojka-vo-pandemija-mazhite-se-ochajni-mi-prakjaat-nedolichni-fotki-i-koristat-onlajn-ljubovni-sostanoci-za-da-gi-izneveruvaat-devojkite-02.jpg

Таа смета дека мажите се запуштиле во време на пандемија и водат мрзлив животен стил, а иако неколкупати се разочарала од љубовните состаноци во време на пандемија, уште е надежна и подготвена да дава шанси додека го најде совршениот.

„Мојот љубовен живот е прилично трагичен сега, но и мажите многу се запуштија. Не работат теретани, некои останаа без работа, претерано консумираат алкохол и брза храна, анксиозноста исто така си го прави своето. Јас сакам дечко со убаво лице, многу амбиција и лојалност. Сакам и такви кои ќе ме следи во животот, бидејќи не сакам јас да ги бркам нив.“ – ја завршува Џоди својата исповед. 

singl-devojka-vo-pandemija-mazhite-se-ochajni-mi-prakjaat-nedolichni-fotki-i-koristat-onlajn-ljubovni-sostanoci-za-da-gi-izneveruvaat-devojkite04.jpg

Вие имате ли искуство со онлајн состанување за време на пандемија? Кое е вашето мислење за љубовниот живот на слободните луѓе во време на пандемија?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *