10 реални причини зошто немате што да облечете

Купувате само тренди работи, па после една сезона тие се неупотребливи затоа што повеќе не се во тренд.

10-realni-prichini-zoshto-nemate-shto-da-oblechete-01.jpg

Дали и вие сте од оние девојки кои постојано се жалат „немам што да облечам“?

Ако е така, тогаш можеби овие причини се виновниците за тоа.

Време е да се преиспитате:

– Купувате постојано исти работи, знаете дека темно сините фармерки ви стојат совршено, па имате 10 исти пара.

– Импулсивно се трудите да излезете од комфор зоната, па така инстантно одлучувате да купите зелен џемпер за да додадете боја во стајлинзите и потоа никогаш не го облекувате.

– Не размислувате со што ќе го носите купеното парче и дури дома сфаќате дека никако не може да биде искомбинирано со тоа што веќе го имате.

– Сѐ уште се надевате дека некогаш ќе влезете во фармерките од пред 10 години и залудно ви фаќаат место во гардероберот.

10-realni-prichini-zoshto-nemate-shto-da-oblechete-02.jpg

– Не ги купувате основните парчиња облека како бела кошула, црно сакон, црн едноставен фустан итн.

– Купувате само тренди работи, па  после една сезона тие се неупотребливи затоа што повеќе не се во тренд.

– Купувате само на распродажба, па така гардероберот го полните со евтини, но реално непотребни парчиња облека.

10-realni-prichini-zoshto-nemate-shto-da-oblechete-03.jpg

– Не ја сортирате облеката и во гардероберот ви владее хаос, па и кога имате нешто не можете да го пронајдете.

– Не купувате според обликот на телото, па потоа не си се допаѓате и не ги носите парчињата облека.

– Купувате работи за во иднина, односно за кога ќе ослабете или кога ќе одите на Бали, а тоа може и да не се случи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *