Папата ја исклучил од црквата: Која била првата Mис на светот и зошто настанал скандал?

Првата Mис на светот била Кики Хакинсон од Шведска, во 1951 година. Таа била крунисана во Lyceum Ballroom во Лондон. Првата Mисица била вплеткана и во скандал.

papata-ja-isklucil-od-crkvata-koja-bila-prvata-mis-na-svetot-01.jpg

Кога станува збор за овој избор на убавина, отсекогаш се сметал за најпрестижна титула за која мечтаат сите девојки кои се занимаваат со манекенство.

Сепак, во далечната 1951 година, настанот бил замислен како Фестивал на бикините, односно промоција на костими за капење.

На крајот, сепак се претворил во избор на кој се натпреварувале 27 девојки, од кои 21 биле од Британија, а победила Швеѓанката Кики. Таа била прва и во нешто друго – единствена која ја примила оваа титула во бикини.

Заради ова доживеaла поприлично непријатни искуства, папата и дал анатема, а некои религиозни држави ѝ забраниле влез.

Бикините предизвикале многу негативен публицитет и биле забранети на изборот во наредните години, а дозволени повторно, децении подоцна.

papata-ja-isklucil-od-crkvata-koja-bila-prvata-mis-na-svetot-i-zosto-predizvikala-skandal-02.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *