Една вежба со која дома ќе ги обликувате рацете, стомакот и задникот

Со само една вежба, во која „се колнат“ голем број тренери, може да обликувате стегнати раце, стомак и задник.

edna-vezba-so-koja-doma-ke-gi-oblikuvate-racete-stomakot-i-zadnikot-2-2.jpg

Вежбата влијае за затегање и активирање на повеќе мускули во исто време.

Бара многу голем напор за да ја изведете, но дава и одлични резултати со минимум движење.

edna-vezba-so-koja-doma-ke-gi-oblikuvate-racete-stomakot-i-zadnikot-1.jpg

Најдобро е што не ви треба никаква дополнителна опрема за да ја изведете вежбата – се прави во било кое време и во било која просторија, па е идеална за дома, дури и да немате многу простор.

Како да ја изведете правилно?

1. Застанете со умерено раширени раце и нозе, во еднаква линија. Наведнете го торзото и со рацете допрете ја земјата, неколку сантиметри пред нозете.

2. Движете ги рацете една по една, како да одите на нив, додека грбот ви останува во неутрална позиција, а тежината ви се префрла на нив. Движете се на рацете без да ги мрдате нозете, додека не се најдете во положба за склек.

4. Останете во оваа позиција колку што можете, но биде внимателни со грбот.

5. Полека правете го обратното придвижување – сега нозете движете ги полека накај рацете, па исправете го торзото кога ќе застанете цврсто на нозе.

6. Зависно од кондицијата и јачината на телото, може да ја повторувате вежбата 2-3 пати во почетокот, па да стигнете до бројка од 10 или 15 повторувања.

edna-vezba-so-koja-doma-ke-gi-oblikuvate-racete-stomakot-i-zadnikot-2.jpg

Што добивате со нејзино практикување?

– Загревање и истегнување на телото.

– Затегнување на задникот, абдоменот, добивање на цврстина во рамениците, бицепсите, целите раце, задниот дел од грбот и градите.

– Подобрување на балансот на телото.

– Стабилизирање на ‘рбетот.

edna-vezba-so-koja-doma-ke-gi-oblikuvate-racete-stomakot-i-zadnikot-3.jpg

За да избегнете повреди при изведувањето на вежбата…

– Држете ги рацете и нозете исправени. Не дозволувајте колковите да се олабават.

– Движењата мора да бидат бавни и контролирани. Не правете нагли движења.

– Грбот мора да е постојано исправен, не подвиткан, но никако паднат навнатре.

edna-vezba-so-koja-doma-ke-gi-oblikuvate-racete-stomakot-i-zadnikot-2-1.jpg

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *