Животот е постојана, секојдневна борба со многу предизвици. Преполн е со убави, но и тешки моменти, ситуации кои ни ја црпат енергијата и не влечат кон тескобни чувства, тага, депресија. Постојат периоди кога поради тешкотиите со кои се соочуваме, потонуваме во тага или нервоза. Ви пренесуваме неколку инспиративни мисли за животот кои ќе ве потсетат дека ништо не е вечно и се може да се промени.

„Кога ќе слушнам некој како воздивнува со зборовите ‘Животот е тежок’, секогаш сум во искушение да прашам: ‘Во споредба со што’?
„Губитникот никогаш не победува, а победникот никогаш не се откажува.“
Во животот си успеал тогаш кога сè што сакаш е сè што ти е потребно.“
„Животот е многу едноставен, но ние настојуваме да го направиме комплициран.“
„Многумина од нас го губат половина од своето време посакувајќи работи кои би можеле да ги имаат кога не би го потрошиле половина од времето на посакување.“
„Успехот не треба да се мери според позицијата што некој ја постигнал во животот, туку според пречките кои успеал да ги надмине додека се обидувал да успее.“
. „Има право да критикува оној кој има срце да помага.“
Најгорливата болка е да се препознаеме себеси како единствена причина за сите наши неволји.“
„Вистината е дека не знаеме што не чека утре. Животот е лудо патување и ништо не е загарантирано во него“
„Секој од нас го посетува овој свет само накратко. Затоа, не брзајте, не се грижете и одвојте време да уживате во мирисот на цвеќињата по пат“
„„Поентата на животот не е во пронаоѓањето на себе си, туку во креирањето на својата личност“
Животот е како возење велосипед. За да ја одржите рамнотежата неопходно е да продолжите да се движите“
Колку и да изгледа тежок животот, секогаш постои нешто што може да направиме и да успееме во тоа“
Само јас можам да го сменам мојот живот. Никој не може да го стори тоа за мене“
„Животот е 10% од тоа што ви се случува и 90% како реагирате на сето тоа
„Во животот постои само една среќа. Да сакаш и да бидеш сакан“
„