Сите правиме грешки, па и оние кои себеси се сметаат за најдобри и за тоа се правдаме со она познато дека од грешките се учи. Но, некои грешки скапо не коштаат,а тоа го потврдува и животот. Ви презентираме некои од поголемите грешки и проценки на личности кои оние што ги направиле ги чинело огромно богатство и каење,а некои имале и трагични последицци за човештвото.
Не го купиле Гугл за милион долари
Основачите на компанијата Гугл Лари Пејџ и Сергеј Брин на извршниот директор на Excite Џорџ Бел во 1999 година му рекле дека бараат купувач за интернет пребарувачот вреден милион долари. Тој пак не сакал да се пазари за нивниот производ. Денес нивната фирма вреди околу 355 милијарди долари.
Фејсбук ги одбил оснивачите на whats App на интервју за работа
Фејсбук ги одбил програмерите Брајан Ектон и Јан Коума на интервју за работа во 2009 година. Неколку години подоцна Фејсбук го купил WhatsApp, компанија која тие ја основале, за 19 милијарди долари.

Продуцентска куќа ги одбила Битлси
Продуцентската куќа Дека барала млади бендови во 1962 година на кои би им понудила снимање на албум. На аудицијата присуствувале две групи, од кои договорот бил понуден на Брајан Пула и Тремелос. Одбиена била групата од Ливерпул Битлси.
Одбивањето на ракописот за Хари Потер
Дваесет издавачки куќи го одбиле ракописот на Хари Потер, пред конечно да го прифати Блумсбери и тоа по препорака на осумгодишната ќерка на директоркатаКнигите подоцна биле преведени на 60 светски јазици и се проценува дека на Роулинг донеле богатство околу милијарда долари.
Фрлање на хард диск со биткоини
Џејмс Хаусел купил 7.500 биткоини во 2009 година кога нивната вредност била речиси непостоечка. Меѓутоа, до 2013 година еден биткоин вредел 613 фунти, што значи дека неговото богатство вредело 4,5 милиони. Единствен проблем е што тој хард дискот со биткоини го чувал во фиока со години, па потоа го фрлил без грижа на совест.Кога сфатил што направил, отишол на локалната депонија надевајќи се дека ќе го најде дискот под наталожениот смет. Секако, тоа не му успеало.
Рекол не на Џингис Кан
Џингис Кан, владетел на Монголоското царство сакал да отвори дипломатски и трговски врски преку Ала ад-Дин Мухамед, шах на соседното Хорезмијско царство (денешни Ирак и Иран), во текот на 13 век.Меѓутоа, шахот ја одбил понудата и го обезглавил монголскиот емисар, поради што Кан се разгневил и испратил 200.000 војници во Хорезмија. Нивното царство било целосно уништено.
Порачале прешироки возови
Француската државна железница СНФЦ потрошила 15 милијарди долари на нова флота на возови оваа година. За жал, тие биле прешироки за 1.300 станици во земјата. Таа грешка го оштети буџетот на државата за 50 милиони евра.