Кога Ролс Ројс не може да произведува автомобили, прави мед

Се разбира, не прават обичен мед. 

Благодарение на ефектите од вирусот Ковид-19 и престанокот на деловната активност, брендот Ролс Ројс го смени фокусот од производство на автомобили во производство на мед. Со седиште во Гудвуд, Западен Сасекс, пчеларникот на Ролс Ројс со површина од 42 хектари содржи 250.000 англиски пчели Ролс Ројс кои живеат во шест кошници.

Половина од нивниот имот е исполнет со половина милион дрвја, грмушки и диви цвеќиња, додека осум хектари се зафатени од самиот пчеларник. Кога станува збор за традиционалните кошници, пет се именувани според моделите на Ролс Ројс – Фантом, Врајт, Дух, Зора и Кулинан. Шестата кошница е именувана според амблемот на брендот, Spirit of Ecstasy.

Патем, овој пчеларник е еден од најеколошките ориентирани производствени „погони“ во Велика Британија, додека компанијата објави рекордно ниво на производство на мед, нудејќи им го најексклузивниот мед во светот на своите клиенти. Всушност, тие не се свртеа кон мед за да си го пополнат времето поради стопирањето на производството на автомобили, бидејќи овој нивен проект започна пред две години, а е посветен на биолошката разновидност на нивната локација и зачувување на пчеларната популација.

Пандемијата на вирусот сериозно се закани на голем број компании ширум светот, додека автомобилската индустрија е еден од најпогодените сектори. Производителите на автомобили започнаа да ја трансформираат својата инфраструктура, следејќи го примерот на Ролс Ројс. За жал, медот произведен од Ролс Ројс не е достапен за комерцијална продажба, но се дава како подарок на особено драги клиенти.

Извор: maskimagazin

You might also like
Menu