Венеција годинава слави 1.600 години постоење и властите се многу задоволни што го поздравуваат јубилејот со напредна технологија. Новиот систем не само што го бележи бројот на туристи, туку го анализира и сообраќајот, препознава различни видови транспортни пловни објекти и го бележи распоредот на јавниот превоз. На островот Тронкето, покрај мостот што ја одделува Венеција од италијанското копно е отворена Контролната соба Зградата има канцеларии за градоначалникот, други великодостојници и голема просторија за видео надзор, со поставени камери низ целиот град, кои ги надгледува полицијата..Работниците во контролната просторија исто така можат да ја активираат „временската машина“ за да погледнат наназад.

Властите сакаа да го следат однесувањето на туристите – не само со регистрација на оние кои ќе ја поминат ноќта, туку и оние кои доаѓаат во еднодневна посета – и точно да знаат кој е во градот и каде одат. Системот не само што ги брои посетителите во близина на камерите инсталирани во градот, туку и заедно со „Телеком“ Италија, најголемиот италијански мобилен оператор, бележат кои се тие и од каде потекнуваат.
Властите можат да видат од каде се сите посетители со анализа на телефонските податоци (што се собираат автоматски, но без лични информации на сопственикот).

Броењето посетители кои ќе поминат само еден ден во Венеција и следењето на нивните движења, може да им помогне на властите да прибегнат кон затворање на главните патишта за туристите во сообраќајниот шпиц.
Има многу повеќе работи што надлежните ги следат: колку брзо луѓето се движат на места како плоштадот Свети Марко (ако започнете да трчате екранот ве зголемува), плимата и осеката низ целата лагуна (клучна за следење на поплавите и одредување кога да се подигнат новопоставените бариери против поплавување).
И, иако некој може да се спротивстави на тоа дека овој систем ја загрозува приватноста (бидејќи и покрај тоа што не се евидентираат лични информации, вие и вашето потекло се евидентираат додека сте во градот), властите во Венеција се многу горди на својот нов систем за надзор. Тврдат дека го прават сето ова во обид да го променат туризмот на подобро.