Луксузниот имот на пејачот од One direction бил “опседнат со духови”

Поранешниот пејач и член на групата „One Direction“, Лиjам Пејн, конечно по две години успеа да го продаде својот прекрасен имот во Санта Моника. Иако луксузниот комплекс го нудеше под цена, куќата не се продаваше заради лошата репутација дека е опседната. Пејачот и самиот изјави дека е мистична и дека во неа се случуваат чудни работи.

Тој уште во 2017 година изјави дека непозната жена ѝ пришла на неговата девојка на улица за да ја предупреди дека духот на претходниот сопственик сè уште го прогонува имотот. Tој живееше на овој имот со неговата поранешна партнерка Шерил Кол, додека таа беше бремена и го чекаше нивниот син.

Лијам вели дека Шерил не сакала да останува сама во просторијата горе. Исто така, тој споделува дека бил сведок на случка кога светлата се палат и се гасат среде ноќ и имало ужасни моменти кога водата од чешмата почнувала да тече сама.

Според странските медиуми, тој го продал комплексот за повеќе од 10 милиони долари, кој вклучува полиња лозје, просторија за медитација, библиотека и што уште не.

Познат пејач успеа да го продаде својот луксузен имот каде што се случувале чудни работи

Слични Вести
Menu