На денот на инаугурацијата на 46-от американски претседател Бајден, Доналд Трамп ја напушти Белата куќа во Вашингтон со неговата сопруга Меланија Трамп, која уште еднаш се обиде да го истакне нејзиниот одличен стил по кој ќе остане запаметена.
– Беше привилегија да бидам прва дама, Бoг да ве благослови – рече Меланија Трамп, за време на нејзиниот последен говор како прва дама на САД. За својот последен јавен настап како FLOTUS, Меланија Трамп избра црн костум „Шанел“ со едно копче. Костимот е краток, до половината, а здолништето е тесно до коленото, во стилот на Џеки Кенеди. Таа носеше црни очила за сонце и прескапа чанта,а косата ја имаше врзано во пунџа. Модните дизајнери веднаш оценаа дека САД тешко дека во скоро време ќе има прва дама со таков беспрекорен стил.

Досегашната Прва дама на САД Меланија Трамп пред тоа издаде и проштална порака на Твитер додека се подготвуваше да ја напушти Белата куќа.
Меѓу другото, таа рече дека „насилството никогаш не е решение“, алудирајќи на упадите на приврзаниците на претседателот Доналд Трамп во Капитол.
Во шестминутна видео порака, првата дама им оддаде почит на семејствата на војниците и здравствените работници кои се соочуваат со пандемија на коронавирус.
„Последните четири години беа незаборавни. „Во моментот кога на Доналд и мојот престој во Белата куќа истекува, мислам на сите луѓе кои останаа во моето срце, на нивните неверојатни приказни за љубовта, патриотизмот и одлучноста“, рече Меланија Трамп.