Тифани, најпознатата луксузна куќа во светот, прославена во книги, филмови и песни, по 183 години постоење е на прагот на новата ера. Институцијата, која ја симболизира американската историја и луксузниот начин на живот, неодамна беше купена за 15,8 милијарди долари од францускиот гигант, концернот ЛВМХ, во кој се Луј Витон, Диор, Моет и Шандон, Булгари.
И веднаш по трансформацијата Тифани покажа дека и натаму ќе ја држи одамна стекнатата титула Крал на дијамантите претставувајќи нов незаборавен дијамант од 80 карати.

Цената на новиот дијамант и неговото име допрва треба да бидат откриени јавно, но веројатно ќе чини над 10 милиони долари и ќе биде најскапиот дијамант што Тифани некогаш го понудил на продажба ( единствено дијамантот Тифани никогаш не се продава)
Оваа силна карпа Тифани ја набави од рудник во Боцвана, а главниот уметнички директор на куќата Рид Кракоф, избра да го покаже дијамантот на саемот „Зора на нов ден“ што требаше да ги инспирира и да им даде на луѓето надеж за посветло утре. На 44 милиони луѓе што присуствуваа на саемот очите им останаа воо огромниот 200 каратен аквамарин опкружен со фонтана од 429 дијаманти. Тој дизајн повторно се замислува со дијамантот од 80 карати, а ќе биде претставен со отворањето на новоредизајнираната продавница на Петтата авенија на Тифани во 2022 година.

Од минатиот октомври, Тифани започна да издава целосни занаетчиски патнички потврди со секој дијамант што го продава, нешто слично на пасошот што го покажува патувањето на каменот од рудникот во кој беше откриен до меѓународните работилници на компанијата што ги сечат, полираат и поставуваат дијамантите.