Непријателот на Кремаљ и ривал на рускиот претседател Владимир Путин, Алексеј Навални, го обвини Путин дека користел државни пари за да ги финансира своите тајни љубовнички. Тој откри и Инстаграм профил на тинејџерка (17 години) која наводно е дете на Владимир Путин.
На сликите се гледа како Елизабета – позната како Луиза – носи заштитна маска за Шанел и живее луксузен живот со страст кон дизајнерските брендови, вклучувајќи ги ISL, Bottega Veneta, Miu Miu, Tom Ford и Dolce & Gabbana.

Според неофицијални информации во медиумите, нејзината мајка Светлана Кривоногих (45) е домаќинка која се претвори во милионер кој започна врска со Путин кон крајот на 90-тите, додека таа беше чистачка, а тој беше шеф на ФСБ. Во раните 2000-ти е родена Елизабета, според извештајот на руската истражувачка веб-страница Проект.