Дубаи -град каде нема ковид ограничувања и има луди журки (видео)

И покрај пандемијата и ограничувањата на социјалните групирања во целиот свет, во Дубаи диви и гламурозни забави се случуваат без никакви ограничувања, но тоа место е само за оние со многу пари. Дубаи одби да воведе мерки што би им го расипале однесувањето на богатите, и покрај тоа што се соочуваат со зголемување на случаите на коронавирус.
Животот во Дубаи е скоро „нормален“, бидејќи рестораните, хотелите и трговските центри се полни со луѓе, додека бучните забави со јахти се доста чести во градот.
Како резултат, Дубаи стана дестинација за многу sвезди, спортисти и луѓе со длабок џеб, кои одат на Емирати во потрага по сонце, слобода и забава.

„На луѓето им е преку глава од оваа пандемија“, рекла Ирис Сабелано од туристичката агенција Ал Араби, додавајќи дека многу од нивните клиенти биле принудени да одат во карантин откако биле тестирани за коронавирус а биле тестирани на аеродромот.
На патниците кои доаѓаат од избрана листа на земји не им требаат тестови пред патувањето, но сите мора да бидат тестирани на аеродромот во Дубаи.

Слични Вести
Menu