Ова е билионерката која сама, без ничија помош го создала своето богатство

Сара Блејкли  има 49 години, а веќе 10 години е на листата на “Форбс” како најмлада милионерка која своето богатство не го наследила, туку го создала сама, без ничија помош. Според „Форбс“, нејзиното богатство се проценува на 610 милиони долари.

„Пред 2 децении бев само девојка со обична, бесмислена работа и лудa идеja. Немав многу пари, искуство или знаење во индустријата. Но, решив да се впуштам во сето тоа“, вели Блејкли. 

Таа е креаторка на корсети кои ги носат сите холивудски ѕвезди. Својата компанија „Spanx“ во 1998 година, со заштеда од само 5000 долари од продажба на факс машини од врата на врата. Без никакво искуство во дизајн, бизнис или производство, Блејкли на крајот го изградила „Spanx“ во бренд вреден милијарда долари.На почетокот сите ѝ ја затворале вратата пред нос, ги кинеле визит-картите, а Сара се борела да добие средства.

И навистина морала да „се потруди“ да го донесе „Spanx“ на полиците на првиот поголем трговец, компанијата „Neiman Marcus“. Сега во понудата освен чорапи кои го обликуваат телото, има и корсети, костими за капење, хеланки и долна облека.

Слични Вести
Menu