Долги години се шпекулира дека познатата цртана серија „Симпсонови“ предвидува многу настани во САД и во светот, па сега многумина се збунети по најновата објава на слика од цртаниот филм од 2000 година. Во една од епизодите во кои семејството Симпсон живееше во иднина а која беше емитувана уште пред 20 години, Лиса беше прва претседателка на САД, а костумот кој го носеше беше виолетов.
Костумот навистина потсетува на она што го носеше потпретседателката Камала Харис за време на инаугурацијата , а за да бидат работите уште послични, има ѓердан со бисери и обетки, исто така сличен на оној од анимираната серија.
Сепак, имајќи ги предвид наводите на американските медиуми дека Харис сакала да алудира на Ширли Чишолм според бојата на облеката.
Ширли е првата афроамериканка која се кандидираше за претседател и во чија кампања доминираше виолетовата боја и може да се каже дека Лиса Симпсон најверојатно пронашла инспирација во неа.