Пандемијата на коронавирусот потполно го промени начинот на кој живееме, ја намали можноста за движење, ги затвори теретаните и нè натера повеќето од нас да останеме во своите домови. Како резултат на овие промени, многу од нас „заработија“ вишок килограми во последните неколку месеци, а најновиот тренд на ТикТок е токму тоа – да покажете колку сте се здебелиле во текот на 2020 година. Поентата на ваквиот тренд е прифаќање на својата нова, заоблена фигура.
Кон трендот се приклучија и многу инфклуенсерки, ккао Клои Ксандрија, која гордо ги покажа своите облини. Истовремено и многу славни дами без срам ги објавија свои фотографии без измазнати и извајани тела, со целулит, од кои се гледа дека никој не е совршен, и дека без фотошоп и други познати филтери, програми и апликации и самите не изгледаат во реалноста како на фотосесиите. Погледајте неколку слики на познатите и ќе се уверите сами:


