Минатата година се случија 28 најбрзи денови од 1960 година, а нашата планета се вртеше околу својата оска неколку милисекунди побрзо од просекот. Ваквото едвај забележливо зголемување или намалување на брзината може да биде незгодно само за оние кои се занимаваат со ултра-прецизни атомски часовници кои мерат Координирано универзално време (UTC), според кое ги поставуваме нашите часовници. Кога ротацијата на Земјата отстапува UTC тогаш почнува да се прилагодува.
Последното вакво прилагодување беше во 2016 година, кога една нова „секунда“ беше додадена на новогодишната ноќ во 23 часот, 59 минути и 59 секунди, пишува Live Science. Сепак, минатата година работите се случија поинаку и сега, за прв пат, научниците размислуваат за одземање на една секунда од UTC. Минатата година имавме 28 побрзи денови од најбрзата 2005 година.

Не треба да се грижиме за тоа, тврдат научниците, бидејќи ротацијата на Земјата околу оската цело време варира малку затоа што врз неа влијаат промените во атмосферскиот притисок, ветровите, океанските струи и движењето на јадрото.
Извор: Live Science