Најпрвин докажаниот психолошки факт: сите лажеме! Ама баш сите. најпрвин треба да констатираме дека сите лажат. Ама баш сите.
Некои од луѓето се доволно религиозни и токму заради тоа се внимателни кога лажат, или како што би рекле “лажат со усул”, односно го прават тоа кога навистина е неопходно и жалат поради тоа лажење. Додека некои луѓе лажат од навика. Секојдневно, за сè.
Дури и децата понекогаш лажат за да не добијат казна. Како што кажал и познатиот американски автор Тед Вилијамс: “Ние кажуваме лаги кога од нешто се плашиме, од страв дека нешто не знаеме од страв што ќе кажат другите, страв од тоа што ќе дознаат луѓето за нас. Но секогаш кога лажеме, нашиот страв станува се посилен.
А кој лаже повеќе, мажите или жените?
Според истражувањето што го има направено Британската “Virgin Tv” за тоа кој лаже повеќе, дали мажите или жените, дури неверојатни 75% од анкетираните признале дека ги лажат своите партнери.
Истражувањето покажало дека мажите лажат двојно повеќе од жените и 1 од 10 мажи верувале дека се и експерти во тоа.
Откриено е дека мажите лажат еднаш на секои 4 дена додека жените еднаш на 8 дена. Исто така е откриено дека мажите највеќе лажат поради неверство. Тие им кажувале на нивните партнери дека не ги изневериле додека навистина го направиле тоа. Обично мажите лажеле за тоа и каде се наоѓаат во моментот. Само 3 од 2000 мажи кажале дека ги лажеле нивните партнери за некои други причини кои не се поврзани со неверство.

Се констатира дека една од најкористените лаги на мажите е дека не биле неверни, дека не примиле и пратиле пораки или пропуштен повик, дека не пиеле алхохол и не конзумирале забранети супстанции.
Од друга страна жените, обично лажеле за нивниот живот на социјалните мрежи и колку пари потрошиле за шопинг. Жените повеќе се грижат за нивниот социјален статус и како се прифатени во јавноста и најмногу поради тие причини лажат за тоа, без никаков проблем. И нормално, жените лажат и во кревет.