Девојче почина поради предизвик на ТикТок: итно ќе се менуваат правилата

Италија и наложи на апликацијата ТикТок да ги блокира профилите на корисниците од Италија чија возраст не може да се провери, Одлуката од Италија следува по смртта на една девојка во Палермо на Сицилија од задушување. Нејзините родители изјавија дека таа учествувала во предизвикот на ТикТок, ставајќи појас околу вратот и задржувајќи здив додека снимала на телефон.

Обвинителите отворија истрага за можно поттикнување на самоубиство и ја испитуваат можноста некој да ја поканил да учествува во предизвикот

Иако „ТикТок“ вети дека ќе забрани регистрација за деца под 13-годишна возраст, Италија вели дека е лесно да се заобиколи ова правило.

Како резултат, се наведува дека TikTok мора да блокира непроверени кориснички профили до 15 февруари, пренесува Klix.ba.

Немаше одговор од „ТикТок“, кој е во сопственост на кинески „БајтДенс“ и кој рапидно расте во популарност низ целиот свет, особено кај тинејџерите.

Слични Вести
Menu