Животот е исполнет со противречности. Сите луѓе работат напорно и имаат свои мали начини како да ги решат секојдневните проблеми, но понекогаш на тој начин создаваат повеќе проблеми отколку што имало претходно. Еве неколку бесмислени работи што ги правиме секој ден
1. Ги притискате упорно копчињата на далечинскиот управувач кога не работи, иако знаете дека треба нови батерии
2. Трошите повеќе време за да изберете нова телевизиска емисија, отколку што ја гледате таа емисија
3. Свирите кога сте заглавени во сообраќаен метеж
4. Пиете млеко со ниска масленост, а јадете пита и колачиња
5. Се одјавувате од Фејсбук и веднаш потоа повторно се најавувате
6. Го оставате телевизорот да работи само за да има врева во позадина
7. Оставате празни шишиња и кутии за храна во фиоките или во фрижидерот

8. Го проверувате фрижидерот за да видите дали магично се појавила нова храна
9. Користите платнена торба при купување, а веќе сте купиле многу пластични артикли
10. Загрижени сте за тестовите или за апликациите откако ќе ги доставите
Смешно зарем не? Па зошто го правите тоа?